11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Бесплатен влез во музеите за Светскиот ден на културното наследство-18 април

 По повод 18 Април, Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, утре е обезбеден слободен влез во сите национални установи од областа на заштитата на културното наследство, кои ќе бидат отворени во текот на целиот ден, со што граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со археолошките локалитети и спомениците низ државава.

Отворени ќе бидат вратите на националните установи: заводи и музеи во Битола, Штип, Охрид, Прилеп и во Струмица; Стоби и Хераклеја; Спомен-куќа на Тоше Проески; Археолошки музеј; Национална галерија со сите свои објекти; Музеј на современата уметност; Музеј на македонската борба; Историски музеј во Крушево; Музеј на албанската азбука; Уметничка галерија во Тетово; „Д-р Никола Незлобински“ во Струга; Музеј на Западна Македонија во НОВ – Кичево; Музеј на тетовскиот крај; Природонаучен музеј; Музеј на Македонија; музеите во Куманово и во Гевгелија.

Меѓународниот совет за споменици и локалитети (ИКОМОС) во 1982 година го прогласи 18 Април за Светски ден на културното наследство, а ИКОМОС секоја година препорачува тема за прославата и активностите на тој ден организирани од страна на националните и меѓународните научни комитети.

Секоја година темите се актуелни, и се однесуваат на подигнување на свеста на јавноста за значењето на светското културно наследство, за заштитата, чувањето и афирмацијата на непроценливото богатство откриено преку археологијата.

 

Би можело да ве интересира

Над 600 земјоделци и агро-компании вложиле 2 милиони евра за осигурување на посеви, насади и животни

Гордана Цветаноска

Започнаа теренските активности на ЕВН за зајакнување на напонот во Три Багреми-Тризла

Елизабета Филипоска

Контролен натпревар на ЖРК Деспина пред стартот на сезоната

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе