9.1 C
Прилеп
петок, 18 април, 2025
Пела Радио

Од полноќ дизелот поевтин, бензините поскапи

Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по нови цени. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на дизелот на полноќ се намалува за 1,5 денари за литар, додека бензините поскапуваат за еден до 1,5 денар по литар.

Па така, од полноќ литар бензин БС-95 ќе се продава за 87,5 денари за литар, бензинот БС-98 ќе чини 90 денари за литар, а дизелот ќе се продава за 76 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 1,5 денари и ќе се продава по 76 денари за литар. Со одлуката на РКЕ од полноќ за 0,252 денари за килограм се зголемува цената на мазутот и истиот ќе се продава за 44,554 денари.

Би можело да ве интересира

За Тоше, рози на патеката од маратонците во Крушево (ГАЛЕРИЈА)

Гордана Цветаноска

Прилепско јавно здравство – недостигаат лекари и друг медицински персонал!

Елизабета Филипоска

(ВИДЕО) Трипуновски: Не’ очекуваат интензивни преговори за измени во Законот за тутун

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе