11.2 C
Прилеп
понеделник, 21 април, 2025
Пела Радио

На Могилата в недела на пролетна дружба

Со поддршка на „Витаминка“ и „Прилепска Пиварница“ в недела општина Прилеп кани на целодневна дружба насловена како „Пролетта не’ мами, на Могила не’ кани“! Настанот ќе се одржува од 11:00 до 16:00 часот во Паркот на Могилата на непобедените. Планирана е несекојдневна дружба и забава со музика, рекреативни и спортски содржини наменети и за помладите и за повозрасните. Ќе се игра шах, пинг – понг, ќе има „игри без граници“ за најмладите, а ќе се претстават и учениците од Музичкото училиште „Ордан Михајлоски Оцка“. Ќе се играат модерни танци, ќе се пее староградска музика, се’ на се’ богата понуда за забава и дружење.

Би можело да ве интересира

Гореше сува трева кај с.Бела Црква

Елизабета Филипоска

Налетот на грипот допрва доаѓа

Елизабета Филипоска

Сугарески: Почнува втората фаза од изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе