16.1 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Јанески: Власта не донесе ниту правда ниту мир, време е промени!!!

Движењето „ЗНАМ за наша Македонија“ во рамките на караванот за парламентарните избори денеска е во Прилеп на средби со граѓаните во неколку населби, на кои ќе присуствува и Максим Димитриевски претседател на Движењето заедно со Миле Цеков, носител на кандидатска листа за ИЕ4 од Движењто „ЗНАМ“ . Емил Јанески кандидат за пратеник од Прилеп од ова поличко движење посочи дел од програмата:

„Живееме во држава во која што правдата за државните функционери стана недостижна. Денешната власт, која што на власт дојде под паролата: “Нема правда, нема мир”, не само што не донесе ниту правда ниту мир, туку изгласа неказнивост на кривичните дела кои што ги прават државните функционери, а денешната опозиција им обезбеди кворум во парламентот.
Затоа, Движењето „ЗНАМ За Наша Македонија“ во својата програма предвидува: незастарување на кривичните дела поврзани со криминалот и корупцијата; враќање на укинатите членови во кривичниот законик; најмалку десет години казна затвор за крвичното злоупотреба на службена положба и овластување и зголемување на платата на судската администрација од најмалку 30%, рече Јанески од Прилеп.

Би можело да ве интересира

Дизелот со нова, пониска цена

Гордана Цветаноска

На прилепските велосипедски патеки: паркиран автомобил на сред лента, со изговор “се враќам за 5 минути“, “само да завршам работа“, “чекам некого“…или контејнер

Гордана Цветаноска

Прилепските и долненските тутунари протестираа

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе