Убавото време, богатите содржини за забава и дружба денеска ги намамија прилепчани на целодневниот настан на паркот Могилата на непобедените насловен како „Пролетта не мами“, на Могила не кани“. Музика за сите возрасти, игри и за помладите и за повозрасните.
„Благодарност до сите, до Локалната самоуправа до градоначалникот Борче Јовчески. Сите заедно го организиравме овој настан. Од сите коментари кои што ги добивме денеска е дека вакви настани треба и во иднина да се организираат овде во нашиот град зашто Прилеп заслужува има капацитет ова да го направи и нашите граѓани мора да ги видиме сите среќни и весели како што денеска ги гледаме. Сите од 7 до 77 години овде најдоа интересни содржини овде на Могилата на непобедените, да се забавуваат и да го прослават овој голем христијански празник, предвечерие на најголемиот христијански празник Велигден. Се надевам дека овој период додека е времето добро често ќе се гледаме овде на Могилата, а овој настан да прерасне во традиција, на ова место во срцето на градот, на Могилата,“ рече Дејан Проданоски, претседател на Советот на Општина Прилеп и кандидат за пратеник од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија од ИЕ4.
Настанот го поддржаа општествено-одговорните компании „Витаминка“ и „Прилепска Пиварница“ кои дадоа несебичен придонес.