2.2 C
Прилеп
сабота, 21 декември, 2024
Пела Радио

Ристески: Ветуваме опоравување на земјоделството и на руралните средини

 Прес конференција на која беше презентирана програмата на ВМРО ДПМНЕ и Коалцијата Твоја Македонија, денеска одржа Петар Ристески, кандидат за пратеник од ИЕ4:

 ВМРО-ДПМНЕ за наредниот четиригодишен мандат има план и визија за ревитализација и подобрување на земјоделските политики во државава. Нашиот фокус ќе биде насочен на трите основни цели:

   • Зголемување на конкурентноста и подобрување на доходот на земјоделците;

• Воведување нови технологии и иновации со кои ќе се намалува влијанието на неповолните климатски промени;
• Развој на руралните средини со цел задржување на населението, а посебно младите преку инвестирање во
инфраструктурата и инвестиции за нови работни места во овие средини.
Ветуваме, опоравување на земјоделството и на руралните средини и за таа цел ќе вложиме 180 милиони евра годишна поддршка.
Се обврзуваме на реформа во начинот на поделбата на на овиа финансиски средства.
Предвидуваме, 55 инвестиции во земјоделски стопанства . Со учество на  неповратни средства во висина над 50% (во зависност од типот на проектите), ќе бидат поддржувани оние проекти со кои земјоделските стопанства ќе се зголемуваат и модернизираат, ќе воспоставуваат стандарди на производството со што ќе придонесат за квалитетот на производите.
Во таа насока, ќе поддржиме проекти за:
• Набавка на механизација и опрема за примарно земјоделско производство;
• Подигнување на нови и реконструкција на пост повеќегодишни насади;
• Набавка на педигриран добиток од основно стадо.
И она што посебно ги интересира тутунопроизводителите од нашиот и пелагонискиот крај: Ќе направиме уште одма промена на Законот за тутун и тутунски производи. Не смее да се увезува ситнолисен тутун од надвор додека не се откупи и последниот лист од домашното производство. Откупната цена на тутунот, да биде утврдена уште на почетокот на производството. Производителите активно ќе бидат вклучени во утврдувањето на откупната цена што е нивно барање. Со еден збор, ќе создадеме услови, за организиран, навремен и непречен откуп на тутунот.
Почитувани сограѓани, почитувани земјоделци, за да во наредниве 4 години земјоделството повторно го добие вистинското место во општеството, сите заедно, на 8-ми мај да го заокружиме бр. 2 за листата на кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и бр. 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател на Република Македонија, рече Петар Ристески, кандидат за пратеник за ИЕ4.

Би можело да ве интересира

Микросам на најголемиот американски саем за современи композити – CAMX 2022!

Гордана Цветаноска

Светска банка: Четвртина Македонци – живеат надвор од татковината !!!

Гордана Цветаноска

Зошто дојде до промена на статутот на Општина Прилеп?!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе