11.2 C
Прилеп
понеделник, 21 април, 2025
Пела Радио

Опожарени новите електрични мини-буси во Прилеп на Автобуската станица

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава   2.28 минути, денеска на први мај. Возилата биле паркирани на Автобуската станица Прилеп, пожарот бил забележан од обезбедувањето. Случајот е пријавен во полицијата, која направила увид на местото на настанот. Сеуште не е утврдено што било причината за пожарот, иако како што вели Борче Чупетрески од Автобуска станица Прилеп, на снимките од камерите јасно се гледа човек во близина на двата електрични мини автобуси.

– Веќе никој не е безбеден кога може во сопствениот двор, во домашни услови да се случи пожар од вакви размери. Автобуската станица има своја стражарска служба и камери. Двете возила се целосно уништени и онеспособени за превоз,” посочува Чупетрески, во очекување на информацијата од  полицијата за причините на пожарот.

Од СВР Битола сеуште нема информации за настанот во дневниот билтен.

Двата мини автобуси на 100% електричен погон се први кои во Македонија се користат за превоз на патници. Автобуската станица Прилеп во соработка со Туристичката агенција Пелагонија Травел на 22 април започна со превоз на патници со овој современ еко  транспорт на релација Прилеп – Битола, со идеја во иднина да ја прошири мрежата на полначи за елетричните батерии и да го зголеми капацитетот за овој современ превоз на патници и на подолги релации во земјава.

Би можело да ве интересира

Јубилејни 100 години успех на Прилепска Пиварница

Пела Редакција

Поради голем дефект на пумпната станица, Крушево втор ден без вода

Пела Редакција

Промоција на книгата „Агроеколошки принципи и можности за заштита на растенијата од болести“ од проф. д-р Биљана Консулоска Гвероска

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе