11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Авантурите на Ела Вилсон – роман на младата авторка Нина Насеска

Во Градската библиотека „Борка Талески“ беше промовиран романот „Авантурите на Ела Вилсон“на 16 годишната авторка прилепчанката Нина Насеска. Промоцијата предизвика голем интерес кај вљубениците на пишаниот збор, кои го следат опусот на Насеска зашто ова е второ нејзино дело. Романот – првенец на Насеска, посветен на авантурите на Ела Вилсон не пренесува со своето бурно дејство во 19 тиот век и низ динамично дејство ги презентира преку бујната фантазија на авторката предизвиците на малото девојче кое се случувале пред два века во време – невреме, кога владеала болеста чума.

– Се работи за еден авантуристички роман кој е дел на една детска фантазија. Го пишував речиси половина година и навистина ми претставува чест што издавачката куќа „Македонска реч“ стои зад мојот прв роман. Романот е наменет за младите од тинејџеска возраст, но може да го читаат и помлади. Поделен е во 26 поглавја на 115 страници. Навистина мене ќе ми биде посебна чест ако предизвикам задоволство кај читетелите, зашто тоа е сепак најважно за еден автор. Презадоволна сум што вечерва публиката внимателно ја следеше промоцијата и се чувствуваше дека го почитува пишаниот збор. Особено ми беше драго за сите присутни кои беа да слушнат нешто повеќе за мојот прв роман, рече авторката Нина Насеска.

Промотори на првенецот – роман на Насеска беа Габриела Стојаноска – Станоеска, нејзината наставничка по македонски јазик која ќе рече дека „учителот добива најголемо признание за својата работа кога ќе го инспирира својот ученик и ќе биде надминат од него во остварувањата на животните соништа. Мојата храбра Нина , посветената ученичка која со широко отворени очи ги голташе зборовите за тајните на литературните родови и видови, најпрво ја објави збирката „Мозаик од доживувања“, а еве сега на свои 15 години излегува како победник над себе си во една од највозбудливите авантури во книжевноста: пишувањето роман.“
Познатиот писател за деца Горјан Петрески е главен и одговорен уредник на романот „Авантурите на Ела Вилсон“ на Насеска, а во предговорот ќе истакне дека авторката „ја поседува сигурноста и во себе и во она што го пишува, а ја има формулата со која се потврдува како раскажувач.“ 
Нина Насеска со пишување се занимава уште од најрана возраст, а свои поетски и прозни творби објавувала во рубриките на списанијата за деца. Учествувала на бројни натпревари, конкурси и литературни манифестации. Добитник е на награди, дипломи, признанија и пофалници.

Би можело да ве интересира

Прошетка низ градините на Виландри празник за очи

Елизабета Филипоска

Tрадиционалeн концерт во негување на македонската песна

Елизабета Филипоска

Богата програма за Фестивалот „Пеце Атанасовски“

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе