17.2 C
Прилеп
сабота, 10 мај, 2025
Пела Радио

Одбележан патрон празникот на училиштата „Кире Гаврилоски -Јане„ и „Круме Волнароски“

Делегации од Општина Прилеп, Советот на Општината, училиштата од општина Прилеп, Сојузот на борци и политичките партии оддадоа почит и положија цвеќе на спомен – бистите на прилепските народни херои, Kруме Волнароски и Кире Гаврилоски-Јане, чии две основни прилепски училишта, гордо ги носат нивните имиња, и денеска го чествуваат својот патрон празник.
По тој повод, наставниците и учениците од двете училишта подготвија и пригодни програми во чест на своите патрони.
Народните прилепски херои  Kруме Волнароски и Кире Гаврилоски-Јане, убиени се во заседа на 9 мај 1944 година , точно пред 80 години херојски ги положиле животите за конечна слобода на Македонија.

Во нивна чест две образовни институции во Прилеп ги носат нивните имиња.

Би можело да ве интересира

Во ООУ „Гоце Делчев“ отворена прва сензорна соба во Прилеп

Гордана Цветаноска

(ВИДЕО)СОУ „ОРДЕ ЧОПЕЛА“ НАПРЕДНО И КРЕАТИВНО УЧИЛИШТЕ ЗА ИДНИТЕ ПРОФЕСИОНАЛЦИ

Завршува зимскиот распуст за основците и средношколците

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе