-0.3 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

Домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“ со фотоволтаици и термални колектори до ефикасна заштеда на енергија

Домот за стари лица, „Киро Крстески-Платник“ ќе штеди до 40% на енергенси преку поставевените системи за производство на електрична енергија и топла вода од обновливи извори за потребите на институцијата. Проектот е вреден 6 700 000 денари и ќе значи поголема енергетска ефикасност и заштеда на средства кои досега во најголем дел се одлеваа за енергенси. Станува збор за регионален  проект „Зајакнување на институционалните капацитети во Пелагонискиот регион за подобрување на социјалните услуги и заштита на животната средина“  аплициран во текот на 2022 година од страна на Општина Прилеп и Јавната општинска установа, а реализиран преку Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој.

 

“Како локална самоуправа, чии приоритети се: намалување на трошоците, заштеда на енергија, заштита на животната средина, енергетска ефикасност и користење обновливи извори за енергија, во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник” од неодамна се поставени фотоволтаици и 30 термални колектори, надополнети со термална пумпа. Инвестицијата направена тука, ќе генерира заштеда и подобрување на условите и социјалните услуги на старите лица кои живеат во домот. Домот е навистина сериозен потрошувач на енергија. Според нашите анализи, од сите институции кои се во надлежност на општината, оваа институција е една од најголемите потрошувачи на енергија (прва меѓу нив е пречистителната станица). Затоа одлучивме, токму тука да инвестираме заради подобрување на квалитетот на животот на корисниците, заради заштеда на енергија и намалување на трошоците, бидејќи оваа институција константно работи 24 часа дневно, 365 дена во годината,“ рече тој нагласувајќи дека ваквите и слични проекти ќе продолжат да се реализираат и во урбаната и во руралната средина, рече градоначалникот Борче Јовчески.

Директорот на Домот за стари лица „Киро Крстески Платник“, Благојче Стојаноски дополнува дека со ова ќе се намалат значително трошоците за греење и ладење во домот за 40%, ќе се намалат трошоците за набавка на екстра лесно гориво и ќе се подобри личната хигиена на штитениците, но и ќе се овозможи заштита на животната средина со примената на ваквиот систем на греење и ладење. Соротката на Центарот за развој на пелагонскиот плански регион со општина Прилеп продолжува и со други проекти од областа на заштита на животната средина. Паралелно во Пречистителната станица Прилеп се работи на проект за таложник со што ќе се реализира дополнителна заштита на средината од отпадните води, посочи Јосиф Балтов, директор на Центарот за развој на пелагонискиот плански регион.
Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ згрижува 150 штитеници од цела Македонија.

 

Би можело да ве интересира

Левица со неколку настани и трибина во Прилеп ќе го одбележи 11 Октомври

Гордана Цветаноска

За 5 месеци украдени над 50 сообраќајни знаци во прилепско

Денеска, од 16 до 23 ч., тутунопроизводителите можат да ги подигнат субвенциите од банкомат. Oд утре подигнувањето готовина од банки, по азбучен ред

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе