7.3 C
Прилеп
петок, 31 јануари, 2025
Пела Радио

БЕХТЕЛ и ЕНКА бара 4.000 градежни работници од Македонија

За изградбата на коридорите 8 и 10д американско – турскaта корпорација „Бехтел и Енка“ побарала 4.000 работници од Стопанската комора на Македонија. На вчерашната средба помеѓу првиот човек на Стопанската комора, Бранко Азески и раководството на „Бехтел и Енка“ , било побрано од комората максимално вклучување на домашните градежни компании во изградбата на овие автопатишта..

Од Стопанската комора, апелираа коридорите да се завршат во предвидениот рок, бидејќи тоа ќе има огромно значење, меѓу другото и за економското поврзување на регионот.

-Стопанската комора на Македонија ќе поддржи секакво решение што ќе значи побрза и поквалитетна активност при реализација на овој проект (Коридорите 8 и 10д) со оглед на фактот дека сметаме дека ова е најзначаен инфраструктурен проект во наредните 10 години, соопштуваат од Стопанската комора.

Бехтел и Енка побара поддршка од Стопанската комора на Македонија во насока на обезбедување на работна сила која за целиот планиран период додека ќе трае реализација на проектот треба да достигне бројка од 4.000 работници (квалификуван кадар-инженери… како и неквалификуван кадар-општи работници).

Двете страни се договорија и понатаму да ги продолжат контактите со засилено темпо со што би се олеснила реализацијата на овој проект, се вели во соопштението на Стопанската комора.

Инаку, договорот со „Бехтел и Енка“ беше потпишан во март минатата година и со него е предвидена изградба на автопатските делници Тетово-Гостивар-Букојчани, и Требеништа – Струга-Ќафасан на Коридор 8 и Прилеп-Битола на Коридор 10 Д.

Би можело да ве интересира

Се чистат дивите депонии од околината на Прилеп

Нови 64 Ковид случаи, едно лице почина како последица од вирусот

Гордана Цветаноска

Прилепските пензионери на протест, блокада на клучката на излезот кај Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе