14.4 C
Прилеп
понеделник, 16 септември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО) – КОИ СТРУКИ И ПРОФИЛИ ГИ НУДИ СОУ „ОРДЕ ЧОПЕЛА“- ОТВОРЕН ДЕН ЗА ИДНИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ

” Со нашите струки ја намалуваме невработеноста и создаваме кадри кои се барани на пазарот на трудот. Во прва година во  нашето СОУ „ОРДЕ ЧОПЕЛА“ ќе се запишат 270 ученици, во 9 паралелки. Учениците кај нас добиваат стипендии, меѓународни признати дипломи, загарантирана работа и бесплатно сместување во ученички дом до училиштето, за ученици кои живеат надвор од Прилеп„  вели директорката на средно стручно училиште „Орде Чопела„-Прилеп, Тереза Златеска Трајкоска.

Во Хемиско-технолошка струка  има место за 84 ученици во  3 паралелки

– прехранбен техничар, дуална паралелка, каде училиштето соработува со прехрамбени компании, а учениците учат практика.

– техничар за заштита на животната средина / хемиско лабораториски , барани професии на пазарот на трудот,

-пекар/месопреработувач дуална паралелка, каде училиштето соработка со компании кои им помагаат на учениците во практичниот дел,со месечен износ за секој ученик од 3500 денари , девет месеци.

Земјоделско-ветеринарна струка дава простор за упис на 84 ученици, 3 паралелки

– агротехничар за традиционално и органско производствоагр е дуална паралелка кој исто така во соработка со компании создава простор учениците да ја применуваат праксата. Храната секогаш се произведува и ова е одлична можност за запознавање со можностите како да се произведе здрава еко храна.

– техничар по ветеринарна медицина, за оние кои ги сакаат животните

– и, техничар за фитомедицина ,дуална паралелка ,  во соработка со компании

Градежно-геодетска струка  опфаќа простор за 34 ученици, 1 паралелка

– геодетски техничар/ архитектонски техничар обезбедува стипендии за ученици од прва година,а пријавувањето ќе се врѓи во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни и јули.

Лични услуги – 34 ученици, 1 паралелка

– техничар за очна оптика – една од најинтересние струки за учениците при посета на ОТВОРЕНИОТ ДЕН на СОУ Орде Чопела

Здравствена струка – 34 ученици, 1 паралелка

– медицинско лабораторискo – санитарен техничар, каде учениците гледаат можност да ја изучуваат медицината

ЗОШТО  да се запишете во СОУ ОРДЕ ЧОПЕЛА -Прилеп? ЗАТОА ШТО стручното образование нуди брзо и квалитетно вработување, по завршување на средното образование можност да се продолжи образованието на факултет, а компаниите добиваат висококвалитетен млад стручен кадар.

КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ?!

 

  • Пријавувањето на учениците ќе биде електронско преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку нивните кориснички сметки на Schools.mk.
  • Во јунскиот уписен рок има две електронски пријавувања – првото ќе биде од 20 јуни до 25 јуни, кога ќе се доставува и потребната документација до училиштата. Конечната ранг-листа од првото пријавување ќе биде на 26 јуни.
  • Второто електронско пријавување ќе биде на 1 и 2 јули 2024 кога воедно ќе се доставуваат и документите до училиштата, а конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места секое училиште ќе ја објави на 3 јули 2024.
  • Во августовскиот уписен рок пријавувањето ќе се врши на 21 август 2024.

Би можело да ве интересира

Прилепските родители преку мирен протест им рекоа „не„ на дигиталните учебници

Елизабета Филипоска

(Галерија) Средношколци со знаења и вештини од земјоделието се натпреваруваат, кој знае повеќе

Елизабета Филипоска

Палачинкијада: слатко задоволство за сите, а признанија за првенците на генерацијата

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе