-1.6 C
Прилеп
недела, 23 февруари, 2025
Пела Радио

Прв екипен шаховски турнир помеѓу сите основни училишта во Прилеп (ВИДЕО + ФОТО)

Благородната игра која низ целиот свет ги спојува сите со својата динамика на шаховските табли , и денеска на едно место ги собра основците од Прилеп.Овој пат на првиот екипен шаховски турнир во организација на ШК Прилеп.На турнирот настапуваат ученици од прво до петто одделение и од шесто до деветто одделение а на крајот се прогласуваат најдобрите од секоја категорија.Најдобрите ќе добијат заслужени медали а во зависност од тоа  како ќе се пласираат екипните тимови , училиштата ќе добијат и соодветни пехари.

Од шаховскиот клуб Прилеп , велат дека на ваков чекор се одлучиле заради интересот на младите за изучување на вештините на оваа благородна игра а и треба да се знае дека од оваа година се стартува со воведување на шахот во основното образование а од следната , ќе може да се учи шахот како изборен во прво и второ одделение , истакна Тони Кироски од шаховскиот клуб Прилеп.

Во Прилеп постојат три шаховски клуба , ШК ПРИЛЕП , ШК ПЕЛАГОН И ЖШК ПРИЛЕП и сите се учесници во првата и втората македонска шаховска лига.Ваквите турнири се всушност и можност за селекција на идни шаховски велемајстори од градот.На првиот екипен шаховски турнир домаќин е СОУ Орде Чопела – Прилеп.

Би можело да ве интересира

Во просториите на БК АС од Прилеп се организираа спаринг борби на високо професионално ниво (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (52)

Пела Редакција

Водата од неколку локални чешми е неисправна за пиење

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе