11.9 C
Прилеп
петок, 31 јануари, 2025
Пела Радио

Дел од Македонија денеска под топлотен бран

Во Македонија денеска е прогласена жолта и портокалова алертна фаза за топлотен бран,so температури кои надминуваат 37 степени целзиусови, а Владата излезе со мерки за превенција од топлотни бранови, па така најранливите групи, како бремени жени и лица над 60 години се ослободуваат од работните обврски, во овие два дена.

Во градинките исто така се препорачува да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено од 11:00 до 17:00 часот.

На социјалните мрежи, поради топлотниот бран, родителите бараат скратување на часовите или да заврши учебната година поради немање на услови за работа.

Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнтелен ризик по здравјето на изложените работници, Владата ги потсетува работодавачите на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран е предвидено да помагаат на осамени, стари, изнемоштени и на бездомни лица, во потсетуваа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Би можело да ве интересира

Пијан славеј доаѓа во Прилеп-Вечер на поезија и шлагери во „Марко Цепенков“

Пела Редакција

Вечерва новогодишен концерт на музичкото училиштe

Пела Редакција

Прилеп се вклучува во Светскиот ден на чистењето

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе