11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Претставата “Црна дупка„ од ансамблот на НУЦК „Антон Панов“ – Струмица е најдобрата претстава на 58 от издание на МТФ „Војдан Чернодрински„

Напладне жирито во состав: д-р Марина Миливојевиќ-Маѓарев, театарска критичарка од Србија, д-р Марина Катниќ-Бакаршиќ, драматург од Сараево и актерката Варја Ѓукиќ од Црна Гора, на прес-конференција во Центарот за култура „Марко Цепенков“  ја соопшти одлуката за најдобрите остварувања и за најдобрата театарска претстава во целина на годинашниов Фестивал „Војдан Чернодрински“ . НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВАТА ВО ЦЕЛИНА, на 58от МАКЕДОНСКИ ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“ – ПРИЛЕП им СЕ ДОДЕЛУВА НА АНСАМБЛОТ НА НУЦК „Антон Панов“ – Струмица, ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ ВО ПРЕТСТАВАТА „Црна дупка“ од Горан Стефановски во режија на Љупчо Ѓоргиевски.

Годинава прв пат гласаше и публиката за тао  која претстава, според неа, е најдобра. Нивниот глас и избор ќе биде соопштн вчера  со доделувањето на наградите ,каде наместо претстава во чест на наградените , концерт ќе одржи приепчанката Добрила и Дориан дуо ,во чест на наградените,со што ќе заврши 58. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

 

Награди беа  доделни и за: 1.НАГРАДА ЗА РЕКЛАМЕН МАТЕРИЈАЛ ја доби НУ Македонски народен театар Скопје и Зоран Кардула ЗА РЕКЛАМНИОТ МАТЕРИЈАЛ ОД ПРЕТСТАВАТА „Иванов„ ВО ИЗВЕДБА НА НУ Македонски народен театар – Скопје.

2.НАГРАДА ЗА КОРЕОГРАФИЈА И СЦЕНСКИ ДВИЖЕЊА  за Александар Зарапчиев, инструктор за техника на качување и движење на карпа и Нина Деан ЗА КОРЕОГРАФИЈА И СЦЕНСКИ ДВИЖЕЊА ВО ПРЕТСТАВАТА „Иванов“ ВО ИЗВЕДБА НА НУ Македонски народен театар Скопје.

3.НАГРАДА ЗА МУЗИКА –  Ристо Вртев ЗА МУЗИКАТА ВО ПРЕТСТАВАТА „Дупло дно“ ВО ИЗВЕДБА НА НУ Театар Војдан Чернодрински – Прилеп.

4.НАГРАДА ЗА КОСТИМОГРАФИЈА – НА Симон Мачабели и Раде Василев ЗА КОСТИМИТЕ ВО ПРЕТСТАВАТА „Едвард Втори“ ВО ИЗВЕДБА НА НУЦК Театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во копродукција со Драмски театар Масалитинов, Пловдив, Бугарија.

5.НАГРАДА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА –  НА Илина Ангеловска, Тодор Дајевски и Зоја Бузалковска ЗА СЦЕНОГРАФИЈАТА ВО ПРЕТСТАВАТА „Иванов“ ВО ИЗВЕДБА НА НУ Македонски народен театар.ЖИРИто СОСТАВ ОД: МАРИНА МИЛИВОЈЕВИЌ-МАЃАРЕВ,  МАРИНА КАТНИЌ-БАКАРШИЌ И ВАРЈА ЃУКИЌ

6.НАГРАДА ЗА СОВРЕМЕНА СЦЕНСКА ДРАМАТИЗАЦИЈА И АДАПТАЦИЈА –  НА колективот на претставата „Франкенштајн“ ЗА ДРАМАТИЗАЦИЈА И АДАПТАЦИЈА НА ТЕКСТОТ„Франкенштајн“ ВО ПРЕТСТАВАТА „Франкенштајн“ ВО ИЗВЕДБА НА Театар за деца и младинци – Скопје.

7.НАГРАДА ЗА СОВРЕМЕН ДРАМСКИ ТЕКСТ НЕ СЕ ДОДЕЛИ.

8.НАГРАДА ЗА МЛАД АКТЕР „Трајко Чоревски“ МУ припадна на Григор Јовановски ЗА УЛОГАТА НА Љвов, Евгениј Константинович ВО ПРЕТСТАВАТА „Иванов“ А ВО ИЗВЕДБА НА НУ Македонски народен театар.

9.НАГРАДА ЗА МЛАДA АКТЕРKA им беше доделена на Јована Миладинова ЗА УЛОГАТА НА Изабел де Валоа ВО ПРЕТСТАВАТА „Едвард Втори“ А ВО ИЗВЕДБА НА НУЦК Театар „Јордан Хаџи Контантинов – Џинот“ Велес и Драмски Театар Масалитинов, Пловдив, Бугарија.

10.НАГРАДА ЗА ЖЕНСКА ЕПИЗОДНА УЛОГА и беше доделена на Анкица Бенинова ЗА УЛОГАТА НА Сања ВО ПРЕТСТАВАТА „Црна Дупка“А ВО ИЗВЕДБА НА НУЦК „Антон Панов“ Струмица.

11.НАГРАДА ЗА МАШКА ЕПИЗОДНА УЛОГА „Димче Трајковски“ му беше доделена на Ѓорѓи Јолевски ЗА УЛОГАТА НА Лебедев, Павел Кирилич ВО ПРЕТСТАВАТА „Иванов“ А ВО ИЗВЕДБА НА НУ Македонски народен театар Скопје.

12.НАГРАДА ЗА ГЛАВНА ЖЕНСКА УЛОГА ја доби  Дарја Ризова ЗА УЛОГАТА НА Саша ВО ПРЕТСТАВАТА „Иванов“ А ВО ИЗВЕДБА НА НУ Македонски народен театар Скопје.

13.НАГРАДА ЗА ГЛАВНА МАШКА УЛОГА ја доби Васил Михаил ЗА УЛОГАТА НА Силјан ВО ПРЕТСТАВАТА „Црна дупка“ А ВО ИЗВЕДБА НА НУЦК „Антон Панов“ Струмица.

14.НАГРАДА ЗА РЕЖИЈА и припадна на Зоја Бузалковска ЗА РЕЖИЈАТА ВО ПРЕТСТАВАТА „Иванов“ ВО ИЗВЕДБА НА НУ Македонски народен театар Скопје.

15.НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВАТА ВО ЦЕЛИНА им припадна на  АНСАМБЛОТ НА НУЦК „Антон Панов“ – Струмица ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ ВО ПРЕТСТАВАТА „Црна дупка“ од Горан Стефановски во режија на Љупчо Ѓоргиевски.

16. А,беше доделено и  специјално признание за колективна актерска игра на ансамблот на претставата „На дното“ од Максим Горки, во режија на Ќендрим Ријани од НУ Народен Театар Битола.

Инаку, од  7 до 14 јуни Фестивалот понуди богата програма, а мотото е „Промени се, промени сѐ„. Се одиграа 11 претстави во официјалната и уште 5 во придружната програма.

Имаше промоции на театарска и театролошка литература, разговори за одиграните претстави, работилници, театар за деца, а сето тоа предизвика голем интерес кај публиката.

Автор во фокусот беше Горан Стефановски кому му беше посветен и еден фестивалски ден.

 

Би можело да ве интересира

Концерт на етно класичниот хор „Серенада“ во Цепенков

Изложба на фотографии „Прилеп за време на НОБ“ и вритуелна прошетка по музејските поставки

Елизабета Филипоска

Џез звуците на првата фестивалска вечер на Prilep Jazz Weekend освежување на културното прилепско мени

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе