Советниците на Општина Прилеп денеска ја одржаа четириесет и четвртата седница на Совет, каде на дневен ред беше одлуката за престанок на мандат на членови во Советот на општина Прилеп, верификација на мандатот на членовите во Советот на Општина Прилеп и избор на претседател на Советот на Општина Прилеп. Со седницата, најпрво заседаваше најстариот член на Советот, Мирјана Крстеска, а потоа со мнозинство гласови како претседател на Совет на Општина Прилеп беше избрана, советничката и координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Ирена Стерјоска Локвенец, која во иднина ќе биде новиот Претседател на Совет на Општина Прилеп.
Ваквите промени во составот на Советот на Општина Прилеп доаѓаат по резултатите од одржаните парламентарни избори на 8 мај, по кои во новиот парламентарен состав од 4-та Изборна единица од Прилеп, влегоа двајца претходни советници, Дејан Проданоски и Билјана Кузманоста од партијата ВМРО ДПМНЕ. Со тоа местото на Кузманоска го презема Мирајна Конеска, а местото на Проданоски ќе го заземе како советник, Влатко Петкоски, од ВМРО ДПМНЕ.
Инаку, Советот на општина Прилеп по локалните избори во 2021 година брои 15 советнички места од ВМРО–ДПМНЕ, 10 СДСМ и две места од ЛЕВИЦА.
Советничкиот состав во овие три години се променил три пати. Мирјана Крстеска од советничката група на СДСМ го зазеде местото од нејзин колега кои поради професионални обврски ја напушти советничката позиција, потоа од советничката функција се изземи и Методија Костоски од Левица, а на негово место беше верификуван мандатот на Катерина Пузеска. Ова е трет пат како се менува составот на Советничката структура на Советот на Општина Прилеп, сега поради парламентарните избори и напуштањето на позиција на советник на двајцата советници од ВМРО ДПМНЕ, Проданоски и Кузманоски, кои денес се пратеници во Собранитето.
Кој е новиот претседател на Совет на Општина Прилеп?
Новиот претседатела Советот на Општина Прилеп Ирена Стерјоска Локвенец кој доаѓа од редовите на советничката група од ВМРО ДПМНЕ. Таа е советник со неколку мандади, на локално ниво ја извршуваше функцијата директор на ЈУ за стари изнемоштени лица “Киро Крстески“ – Платник во Прилеп, беше Претседател на Унијата на жени на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Прилеп, денеска советник за односи со јавност при ЈКП „Водовод и Канализација“ – Прилеп.
Кој се новите советници?
Испразнетите места во Советот ги потполнуваат Влатко Петкоски и Мирајна Конеска.
Влатко Петкоски беше советник за односи со јавност при ЛС на Општина Прилеп и градоначалникот на Општина Прилеп, беше активен член како ПР на ОК на ВМРО ДМПНЕ, член на ВМРО ДПМНЕ и активен поединец во општественото–политичко живеење. Тој е 20- ти од листата кандидати советници кои беа предложени на локалните избори 2021 година од стран на ВМРО ДПМНЕ.
Мирјана Конеска едиплоомирана медицинска сестра, вработена во болницата „Борка Талески Прилеп„ активен член во на Унијата на жени при ОК на ВМРО ДПМНЕ и член на ВМРО ДПМНЕ. Таа е 19- та од листата кандидати советници кои беа предложени на локалните изобри 2021 г од страна на ВМРО ДПМНЕ.
Инаку, на дневен ред на 44 -та Седницата на Советот на Општина Прилеп денеска пред советниците се најдоа и: одлуката за дополнувања на Буџетот на Општина Прилеп за 2024 година, програма за измена и дополнување на програматa за јавно осветлување за 2024 година, програмата за заштита на животната средина и природата за 2024 година и предлог – одлуката за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција/надомест на дел од трошоци на граѓани на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди за 2024 година.