4.9 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилепчанка: „Не може Комуналец да наваса, колку што ние можеме да покењаме…“

Прилепчани си го направија градот депонија. Револтирани од не хигиената во градот,  кој се чини сами си ја создаваме со нашата не грижа кон околината, кон чистотата на јавниот простор ( од кој очекуваме некој да ни го чисти- оти за тоа плаќаме), без грижа на совест дека  градот ни станува депонија, една наша сограѓанка напиша и објави фотографии кои ја отсликуваат “градската чистота“: „Не може Комуналец да наваса, колку што ние можеме да покењаме…“, напиша таа на својот ФБ профил.

Не дека ЈК „Комуналец„ воодушевува со својата активност околу чистота на градот, но факт е дека не може никој да стигне да ја дочисти нашата “не култура “-  фрлање отпад на јавни површини, како да стана прилепска навика.

И веднаш “паѓаат“ интересни предлози, прифатливи и итно потребни: “Под итно Владата да превземи мерки за чистење на цела Македонија од ѓубрето. Да донеси нов закон , полициски инспектори ,со право на “казнуванје на лице место”, и една голема ТВ кампанја за “Чиста Македонија”, да се подобри свеста кај секој еден човек. А Комуналните претпријатија да вработуваат “вистински” работници, кои ќе работат за пристојна плата..“ предлага еден сограѓанин ..

А, на прашањето на Радио Пела : Кој е виновен за сметот и депониите по градот? граѓаните велат:

„Пред сè ние граѓаните. Луѓето фрлаат насекаде, наместо во контејнер, тие фрлаат до него. Ги опоменувам, но  кој слуша. Повеќе казни и инспекции!“

Граѓаните се тие кои сами си  создаваме ѓубре насекаде.“

Децата и младите  ја покажуваат некултурата … Само казни и преземање одредени казнени мерки од Општината.“

Кој е виновен? Самите ние и „Комуналец“.  Им велам кога ќе ги видам, но тоа ништо не менува. Само со казни, казни  на лице место, и ништо друго!.“

За да се смени состојбата неминовна е промена на јавната свеста, а за тоа  граѓани сметаат дека единствено решени кое ќе помогне , се казните за сите оние што сметаат дека фрлање смет кај ќе им текне, е работа на некои кои треба да чисте по нив, а не нивна граѓанска должност да ги одржуваат јавните (заедничките) површини чисти.

Би можело да ве интересира

Старата водоводна мрежа и дивите приклучоци причина Прилеп да има 53% загуби на вода. А, некогаш се фалевме дека загубите ги сведовме на 30%

Пела Редакција

Прилеп утрово со најзагаден амбиентален воздух во Македонија

Пела Редакција

Еко акција по повод Денот на пролетта- прилепските палми ќе бидат заменети со зимзелени дрва

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе