26.5 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО) Изгаснат шумски пожар во крушевско – исфрлени над 40 тони вода

Шумскиот пожар, што попладнево изби во атарот на крушевското село Пуста Река, целосно е изгаснат, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

 

Во гаснењето на пожарот, како што додаваат оттаму, биле вклучени два полициски хеликоптери од Одделот за воздухопловни единици.

„По добиено барање од Центарот за управување со кризи (ЦУК), двата хеликоптера на пожарот исфрлија над 40 тона вода и во координација со пожарникарите, пожарот е целосно изгаснат“, се вели во полициското соопштение.

Претходно од ЦУК информираа дека поради опасност од ширење на пожарот кон селото, била побарана помош за крушевските пожарникари.

Би можело да ве интересира

Хуманитарен концерт во чест на Тоше

Голем интерес за изложбата (Star Wars) на Кардула во Крушево

Гламурозно испратена уште една генерација матуранти на СОУ „Наум Наумоски Борче„-Крушево

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе