12 C
Прилеп
среда, 2 април, 2025
Пела Радио

(ВИДЕО) На платото во храмот „св. Петка“ маестрален концерт за паметење на Драган и Ратко Даутовски и Андријана Јаневска

Беше вечер за паметење, каде сите,  едногласно пееја со македонската музичка дива, Андријана Јаневска придружувана од префинетиете музички звуци, маестрално изведени од Драган и Ратко Даутовски. 

Крстот, кој сјајеш од Марковите Кули, ја надополнуваше духовност, која зрачеше од храмот Св. Петка, од звуците на народни инструменти, македонскиот  фолклор и прекрасната изведба.

Публиката која дојде на концертот, уживаше во секој звук, во секој стих и заедно пееше на секоја изведба на македонската песна, одбрани од богата македонска музичка ризница. Посебни емоции произлегоа со пеењето на „Заветна„ , но ништо помалку публиката не остана рамнодушна и на песните отпеани од грлото на Јаневска „Македонско девојче„ „ Ѓурѓо “ итн .

Хуманитарниот концерт насловен ” Од векови за векови” , одржан вечерва, на платото пред храмот „Света Петка“ во населбата Точила,  едноставно воодушеви со целиот музички и визуелен сјај. Концертот имаше донаторска цел – доизградба на духовното светилиште „Света Петка“.  Но, може да се донира во секој момент на жиро сметката ЖИРО СМЕТКА ЗА ДОНАЦИИ : Храм „Св. Петка“-Точила, Прилеп 500-000000887189, отворена за сите добронамерници и духовни почитувачи.

Донаторскиот коцерт , за помош за доизградба на храмот Св. Петка во нас. “Точила“ беше во организација на протоереј Љупче Петрески и професорот Мендо Ташкоски,  професор во музичкотo основно училиште “Ордан Михалоски – Оцка“ кои не себично се вложија за прилепчани да уживаат во звуцие на македонскиот народен мелос.

Затоа,  за прекрасно изведената организација, Организациониот одбор при храмот „Св.Петка„ на организаторите на настанот и на изведувачите: д-р Драган Даутовски, Ратко Даутоски и на проф. д-р Андријана Јаневска, им додели благадарници, за несебичниот ангажман  и придонес за помош на црвката СвПетка.

 

ЗА ВАС! Следете ги информациите и на интернет радиото од РАДИО ПЕЛА https://live.mkdstream.com/public/radiope секој работен ден за најновите случувања од Пелагонија во ударните вести „Пелагониска хроника“ во 16,30 часот

ВЕСТИ:  6,30, 09,00 , 14,30 ,16,30, 19,30

 

Би можело да ве интересира

Осврт кон творечкиот опус на Блаже Конески во библиотеката „Борка Талески“

Елизабета Филипоска

ИЗЛОЖБА „100 РАРИТЕТИ НА РУСКАТА ДРЖАВНОСТ“

Елизабета Филипоска

Прилепскиот театар со „Декамерон“ го отвора 48 издание на МОТ во Скопје

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе