5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Поради високите тепмератури донесени препораки за ослободување од работа на неколку категории граѓани и забрана за физичка активност на отворено

Бремените жени и лица на возраст над 60 години да се ослободат од работните обврски, се дел од препораките кои ги донесе Владата поради високите температури кои ја зафатија државата. Препораките имаат важност од утре,петок, 12 ти јули , до четврток, 18 јули.

Исто така во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење на градежни и други физички активности на отворено во период од 11 часот до 17 часот.

Во детските градинки да не се практикуваат физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во период од 11 часот до 17 часот.

Исто така, Владата препорачува до единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и на бездомници, a со оглед дека одредени ризични производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик за здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Според Управата за хидро- метеоролошки работи државата е во период на многу топло време со дневна температура која насекаде е над 30, а наместа достигнува 40 степени. Најновиот топлотен бран ќе се засилува кон крајот на неделата, а во урбаните средини се очекува температурите во текот на ноќта да не се спуштаат под 20-тиот степен. Од четврток до средината на следната седмица на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

 

Би можело да ве интересира

„Кино љубов“ премиерно во Мис Стон во Прилеп

Гордана Цветаноска

Горивата поскапуваат

Парите за дочек на Новата година Општина Прилеп ќе ги пренамени за отворање Центар за деца со церебрална парализа.

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе