-1.6 C
Прилеп
недела, 23 февруари, 2025
Пела Радио

Младите и нивно враќање кон природата-предизвик на Слоу фуд Македонија

Слоу Фуд Македонија под мотото „Дојди на трпезата“ ќе го одржи вториот Национален конгрес на 14 јули (недела) во Битола. Седумдесет делегати од конвивиумите, здруженијата и групи кои се дел од Слоу фуд Македонија ќе присуствуваат на овој настан кој ќе ги одреди приоритетите на организацијата и програмските определби на кои ќе работи во следните 4 години. Посветеноста да се бори за добра, чиста и правична храна за сите ќе биде во фокусот на овој конгрес на СФМК ,  предизвик што повикува на итна и длабока промена на храна, што ќе ја консолидира мрежата на активистите на Слоу Фуд Македонија.
„Дојдете на трпезата!
Заедно да ја споделиме, обединети во различностите, заедничката реалност на заедниците, да ја осигураме иднината и…, храна за утре! За да ја создадеме земјата што ја сакаме за нашите деца и внуци, земја на животот, слободата и правичноста за сите, посочуваат од  Слоу фуд Македонија.“
Пораките од Конгресот ќе бидат врзани за новите генерации и нивното враќање кон природата. Императив и предизвик на Слоу Фуд Македонија се младите луѓе, возобновување со свежа енергија, поврзувањето на храната и иднината, агроекологија, агротуризам… Најважно од се’ е соочување со сериозноста на овој социолошки, културолошки и историски момент каде со дејствување, визија и позитивната перспектива ќе се делува инспиративно на заедници, ќе се гради, спојува и обединува околу заедничката мисија на Слоу фуд Македонија.

Би можело да ве интересира

Во „Ѕуница“ ѕуни од насмевки и од љубов (ФОТО+ВИДЕО)

Пела Редакција

Бадникови поворки Прилеп, над 200 дечиња кои носат радост

Пела Редакција

(ВИДЕО) Најмногу погодени од пандемијата – намалку заштитени од Владата

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе