2.4 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Време за акција: Жешкото време, високите температурата и променливиот воздушен притисок се причина за здравстгвени проблеми кај населението

Жените од политичката партија на ОК на Унија на Жени  -Прилеп, денеска спроведоа акција за мерење на крвен притисок и шеќер во крвта, а во склоп на акцијата поделија и вода за сите оние кои ова утро пристапија на штандот за да ги проверат своите здравствени параметри..

Жешкото време, високите температурата на воздухот и променливиот воздушен притисок се причина за здравстгвени проблеми кај населението.Тоа е и основа н аакцијата велат од ОК на Унијата на жени при ОК на ВМРО ДПМНЕ.

Лекарите препорачуваат,поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува: задолжително миење на свеж зеленчук и овошје пред нивната употреба; термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу краток рок по подготовката, како и избегнување термички необработени производи.

– Во текот на екстремно топли денови да се остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почест одмор под сенка.

– Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа, а при сончање да се користи крем со висок заштитен фактор.

– Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку мaсна храна.

– Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење,  а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.

– При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.

– Хронично болните лица редовно да ја земаат пропишаната терапија, во консултација со матичните лекари, препорачуваат лекарите .

Би можело да ве интересира

Чествување по повод 119 години од битката кај Маргара, с.Чаниште

Елизабета Филипоска

ПРОДАНОСКИ: Експресниот пат Градско-Прилеп ни од далеку не е готов, да ставиме крај на лагите на СДСМ на 8 мај

Елизабета Филипоска

Прилепчанка нападнала полицаец

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе