0.8 C
Прилеп
четврток, 26 декември, 2024
Пела Радио

Затворена за сообраќај обиколницата кај Битола поради пожарот

Од 22.54 часот на обиколницата Битола, патен правец Прилеп-Ресен се пренасочува сообраќајот низ градот Битола. Причина активен пожар, инфромраат од АМСМ

Екипите на ТППЕ Битола, како во текот на ноќта, така и утрово продолжуваат да работат на целосно ставање под контрола на пожарот над Битола. Од Општина Битола утрово информираа дека заедно со екипите на јавните претпријатија во моментот на терен се над 100 лица, за кои се обезбедени доволни количини на храна и вода.

Паралелно се одржува комуникација со центарот за управување со кризи од каде е најавена поддршка од воздух во гаснењето на пожарот – соопштија од Општината.

Пожарот на планината Серта денеска ќе се гасне од воздух и од земја. На состанокот на Кризниот штаб на општина Неготино синоќа беше најавено дека ќе се дејствува од воздух со четири хеликоптери и три авиони за гаснење пожар, додека од земја ќе дејствуваат припадници на АРМ, МВР, ЕБР, пожарникари од повеќе градови, јавните комунални претпријатија, Национални шуми, ловџии и други доброволци. Обезбедена е и потребната механизација за дејствување од терен, а се планира активностите за гаснење на пожарот да започнат уште во раните утрински часови.

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов утрово информира дека турскиот хеликоптер е веќе упатен кон Серта, како и дека сите пожари се под делумна контрола вклучително и пожарот кај Битола.

Македонската влада завчера донесе одлука за постоење на кризна состојба поради зголемена појава на пожари на територијата на земјава.

Би можело да ве интересира

Утре, премиерот и министерот за здравство во Прилеп

Гордана Цветаноска

Синдикалната минимална кошница за јануари 2024 година 57 163 денари

Пела Редакција

Kога ќе биде ставена во функција новата градинка во населбата Точилa?

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе