16.1 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Екипата на Радио Пела учесник на меморијален турнир „Љубомир Рајчевски Рајче“ во скопско Глуво

Во село Глуво, општина Чучер Сандево стартува еден од најголемите турнири во мал-фудбал, на кој зеде учество и Радио Пела. Екипата на Радио ПелаПрилеп, на првиот натпревар од  XVIII (осумнаесетиот ) меморијален турнир во мал фудбал „Љубомир Рајчевски Рајче“ во скопско Глуво, вечерва ја победи екипата на Фуат Дизајн,  со висока гол разлика,  Радио Пела – Фуат Дизајн, 9:3.

Фудбалскиот состав : Кристијан Даноски, Дарко Путески, Ѓорги Попоски, Теодор Димитровски, Евгениј Костадинов, Кирил Костов , Илчо Мојсоски, со својата игра беа наградени со бројни аплаузи од присутната публика, која вечерва уживаше во секој  постигнат гол од фудбалерите на екипата на Радио Пела -Прилеп.

Дечки честитки! Среќно до финале„-  како Радио Пела, навиваме за нашата екипа!

На годинашното издание на традиционалниот меморијален турнир во мал фудбал „Љубомир Рајчевски Рајче“ учествуваат 24 футсал екипи, кои натпреварите ги започнаа викендот и кои ќе се натпреваруваат во текот на овој месец. Екипите се поделени во четири групи, а ќе бидат одиграни без малку 150 натпревари на отворениот футсал терен под рефлектори . Само двете последно пласирани екипи нема да обезбедат пласман во разигрувањето, односно осминафиналето.

Организациониот одбор, се погрижи да обезбеди и одличен награден фонд за трите првопласирани екипи во вкупна вредност од 300.000 денари.

Меморијалниот турнир селото Глуво го организира во чест на фудбалската легенда на фудбалскиот клуб „Вардар“ Љубомир Рајчевски – Рајче, кој потекнува од село Глуво, Скопска Црна Гора, Општина Чучер Сандево.

Би можело да ве интересира

Наумоски: Кога играте против големите клубови нема што да загубите

Никола Димески

Се е подготвено за ракометниот меморијален турнир „Миле Нешкоски“

Елизабета Филипоска

И оваа година фудбалска атракција среде Прилеп – се е подготвено за Светиниколскиот турнир во мал фудбал (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе