Екипата на Радио Пела – Прилеп, во вториот натпревар на меморијален футсал турнир „Љубомир Рајчевски Рајче“, во скопско Глуво, вечерва извојуваше нерешен резултат: Радио Пела – Бродац 1:1. Следниот натпревар е четвротк, кога екипата на РАДИО ПЕЛА ќе се сретна со екипата на ГО-ДАМ ИНГ
Натпреварот е во 23 часот на отворениот терен во с Глуво, под рефлектори и со бројна публика,која навива за Радио Пела.
Сабота е слободен ден за фудбалерите, а финалето е предвидено да се одигра во с.Кучевиште.
На годинашното издание на традиционалниот меморијален турнир во мал фудбал „Љубомир Рајчевски Рајче“ учествуваат 24 футсал екипи. Екипите се поделени во четири групи. Само двете последно пласирани екипи нема да обезбедат пласман во разигрувањето, односно осминафиналето.
Организациониот одбор, се погрижи да обезбеди и одличен награден фонд за трите првопласирани екипи во вкупна вредност од 300.000 денари.
Меморијалниот турнир селото Глуво го организира во чест на фудбалската легенда на фудбалскиот клуб „Вардар“ Љубомир Рајчевски – Рајче, кој потекнува од село Глуво, Скопска Црна Гора, Општина Чучер Сандев