Здружението „Карпалак“ и Општина Прилеп и годинава се организатори на одбележувањето во чест на делото на 10-те загинатите прилепски бранители кои загинаа во воениот конфликт 2001 г.
Утре доцна попладне, на 07 август, делегација на Општина Прилеп и градоначалникот, преставници од Советот на Општина Прилеп, од семејствата на загинатите херои, преставници од АРМ и од граѓаниските здруженија и граѓани, ќе положат свежо цвеќиња пред спомениците на паднатите прилепски бранители, во кругот на касарната „Мирче Ацев“. Делегациите потоа ќе се упатат кон селото Лениште каде пред спомен плочата на загинатите бранители ќе положат свежи цвеќе.
Во четврток , пак, на 08.08, на денот на загинувањето на 10-те прилепски бранители, рано изутрината, претставници од здруженијата и Општина Прилеп ќе положат свежо цвеќе на „Карпалак“, Тетово на местото каде што беа убиени прилепските бранители.
Во раните утрински часови делегација од преставници од Општина Прилеп , градоначалникот и претседателот на Советот на Општина Прилеп, ќе им оддадат почит на загинатите херои на нивните вечни почивалишта на градските гробишта „Песјобрдце“ и на ромските гробишта.
Делегации од Општина Прилеп ќе им оддадат почит и ќе положат свеќи цвеќиња и на гробовите на загинатите бранители од населените места: Новоселани, Бело Поле, Ропотово и Пашино Рувци.
Делегација на Општина Прилеп ќе присуствува и на панихидата што во нивна чест ќе се одржи во црквата „Света Петка“ во населбата Точила.
На пладне, пак, во 13:00ч. пред спомен плочата кај споменикот „Карпалак“ бројни владини, општински и како и делегации од институции, претставници на семејствата на бранителите, политички партии, здруженија и граѓани ќе положат свеќи цвеќиња и ќе им оддадат достојна почит на загинати херои.
Пред 23 години, рано изутрината ,во воениот конфликтот 2001г. од заседа се убиени прилепските бранители: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.