11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Вандалскиот чин кај месноста Карпалак осуден од прилепчани и локалната власт

Прилепчани јавно го осудија вандалскиот чин на кршење на плочата со имињата на загинатите прилепски бранители во конфликтот 2001 година, поставена во спомен на бранителите кои на 8-ми август 2001 година беа убијани токму на тоа место од заседа.

.

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески  на својот ФБ профил го нарече овој чин кукавички и побара надлежните институции веднаш да ги откријат сторителите :

Ова е крајна непочит на жртвите и хероите кои го дале својот живот за подобра иднина на сите нас. Овој срамен чин не смее да биде ставен во аналите на заборав! Не смееме да ги толерираме ваквите постапки на групи или поединци кои сакаат преку провокации да го нарушат мирот во Република Македонија! Верувам дека надлежните институции ваквите дејствија нема да ги толерираат и верувм дека ќе бидат откриени сторителите и ќе бидат казнети.

Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ,Дејан Проданоски на својот ФБ порфил исто така најави очекување од надлежните да ги откријат и санкционираа тсотиртелите:

„Ваквите нечовечки дејствија преку кои се поигрува со чувствата на сите нас, мора да бидат соодветно санкционирани. Од страна на надлежните органи очекувам во најбрз рок да го пронајдат сторителот кој ќе биде изведен пред лицето на правдата!„

На Карпалак, само еден ден по положувањето на свежо цвеќе на спомен-обележјето и одбележувањето на 23 годишнината од трагичниот настан, се  случи вандалски чин на непочит према жртвите –   расфрлани свежите цвеќина и парчињата од искршената спомен плоча на загинатите 10 прилепски воени резервисти.

Би можело да ве интересира

Гаврил Кочоски ја пронајде паричката за Василица во Прилеп

Проданоски: Прилеп бил и ќе биде градот херој, предвесник на новите промени!

Комфи Ангел повторно подарува насмевки…

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе