Согласно одлуката на Советот на Општина Прилеп за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општина Прилеп, ЈЗУ Центар за јавно здравје – Прилеп во понеделник 12 ти август, вторник 13-ти и среда 14 август, од 22,oo до 05,oo часот наутро, ќе започне со спроведување на втората фаза од адултицидната теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците. Дезинсекцијата ќе се изведува со УЛВ-апаратура за ладно замаглување поставена на пикап возило со предходница на друго возило означено со ротационо светло.
Со дезинскцијата ќе бидат опфатени, урбаните заеднци во Прилеп и периферијата на градот како и населните места: Оревоец, Лениште, Селце, Лагово, Беровци, Кадино Село, Галичани, Тополчани, Ерековци, Канатларци, Чепигово, Тројкрсти и Мало и Големо Коњари.
Со цел да се избетнат несакатнте последици од дезинсекцијата се предупредуваат пчеларите да преземат превентивни мерки за заштита на нивните пчелни семјства – инормираат од Центарот за јавно здравје Прилеп.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар или дожд) дезинсекцијата ќе биде одложена за,нареднот поволен ден.
„Доколку граѓаните не се придржуваат на превентивните мерки ЦЈЗ Прилеп се оградува од секаква дговорнос од појава на несаескани поселдици„ – се вели во соопштението од ЦЈЗ – Прилеп