17.2 C
Прилеп
сабота, 10 мај, 2025
Пела Радио

ЉУБЕЊЕ СО СТИХОВИ, ПО ЧЕТВРТ ПАТ ВО ПРИЛЕП

Поетите Лина Димоска и Филип Димкоски,  на 22 август, од 19 часот во клуб Таверна во Прилеп, по четврт пат ќе го изведат нивниот поетски перформанс насловен „Љубење со стихови“. Станува збор за оригинален концепт на презентирање на нивна авторска поезија, но и поезија од други македонски поети. Овојпат овие поети и рецитатори, ќе ни испратат родољубиви поетски бакнежи.

Поезијата е поблиска до вистината отколку историјата-вели Платон. А родољубивата поезија веројатно крие најмногу вистини за битот на еден народ, велат организаторите.

Присутните, освен авторска поезија од двајцата поети, ќе слушаат и стихови од Константин Миладинов, Коле Неделковски, Никола Јонков Вапцаров, Кочо Рацин, Славко Јаневски, Гане Тодоровски, Блаже Конески, Светлана Христова Јоциќ, Силвана Димитриевска и Александар Димкоски.

Досега, овој перформанс два пати беше изведен во Прилеп и еднаш во Битола, a делови од перформансот беа изведени во рамки на манифестацијата „Цртај на македонски“ во Љубојно и во Битола.

Би можело да ве интересира

Нема карантин за први мај, слободно движење во петок, сабота и недела до 14:00 часот !

Гордана Цветаноска

ХОЛАНДСКИОТ ПИСАТЕЛ КОЈ ЈА ОВЕКОВЕЧИ МАКЕДОНИЈА И ОХРИД

Пела Редакција

Се укинува забраната на Плетвар за товарни возила

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе