5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

❤️Маратонска трка во спомен на Мајката ❤️

Споменот за мајка е вечен спомен! Нема стара или млада мајка – има само една МАЈКА!

Христијан Трајчески не е атлетичар и никогаш не трчал маратон. Од спортот кошарката е неговата љубов. Тој е ученик во четврта година во СОУ „Ристе Ристески Ричко“ . Но, денеска од љубов и во спомен на својата прерано почината мајка Соња беше еден од учесниците на маратонската трка во Прилеп „Че трчаме“ заедно со своите 10 другари.

Нејзината слика ја имаше на својот дрес, а неговите другари со порака „In loving memory of a beloved mother. Forever loved and missed“ (Во спомен на саканата мајка. Засекогаш сакана – секогаш ќе недостига) ја дадоа поддршката на својот драг  пријател Христијан знаејќи за тагата и болката која што тој ја чувствува по својата мајка.

Неколку месеци неговата сакана мајка Соња Трајческа не е меѓу нас. Таа беше прекрасна цврста, религиозна жена, исполнета со добрина, чесност, почит и љубов кон своите најблиски и кон секој човек. Христијан знае дека мајка му е негов ангел чувар, знае дека таа со духот е секогаш тука, до него. Трчањето за него е  уште еден начин да се доближи до неа, да и’ ја пренесе пораката за својата љубов, да ги зацврсти дадените ветувања.Скромното и тивко момче не може да ја скрие тагата за физичкото отсуство на непрежалената и засекогаш сакана мајка и емоциите ги вложи во подвиг со успех трчајќи маратонот од 5 километри низ улиците на Прилеп. Силата на љубовта и моќта на почитта , испреплетени со болка, тага и верба дека неговиот ангел живее безвремено во просторот е само доказ за силата која ова момче за пример ја искажа, трчајќи на  маратонот како трка која го води во прегратките на  искрената, чиста мајчинска љубов.

Кико денеска покажа оти љубовта кон мајката е бескрајна, безвременска, безусловна, со еден збор – вечна и оти таа за него ќе биде вечна инспирација за нови подвизи.  

 

Христијан Трајчески во маратонската трка на 5 км во Прилеп заврши на 12 то место, а според резултатот беше десетти од неколку илјади учесници на спортската манифестација „Че трчаме“. 

Би можело да ве интересира

Прилепчанец доби кривична пријава поради „злоупотреба на лични податоци“…

Пела Редакција

Австралија под огнена закана

Гордана Цветаноска

Весела дружба на пензионерките во пресрет на „8-ми Март“

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе