25.5 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Во Општина Прилеп средба со „Бехтел и Енка“ за Коридорот 10Д

Градоначалникот на Општина Прилеп  оствари средба со претставници на компанијата „Бехтел и Енка“, каде што била  детално презентирана рутата на Коридорот 10Д што ќе поминува околу Прилеp.

Денес, во Општина Прилеп остваривме продуктивна средба со претставници на компанијата „Бехтел и Енка“, каде што беше детално презентирана рутата на Коридорот 10Д што ќе поминува околу нашиот град. На средбата ги разгледавме сите можности и предизвици кои ги носи изградбата на овој стратешки важен коридор за нашиот регион. Проектот ќе овозможи побрзо и посигурно патување, подобро поврзување со другите делови од државата и нови економски можности за граѓаните на Прилеп. Оваа инфраструктурна инвестиција е голем чекор напред за нашиот град и ќе придонесе кон подобрување на квалитетот на живот на сите жители. Општина Прилеп е целосно посветена на транспарентна соработка и ќе продолжиме со редовни информации до граѓаните во секоја фаза од проектот и за огромниот потенцијал што Коридорот 10Д го носи за нашиот град и регионот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „ Ултиматум, не благодарам“ блокада кај Прилеп

(ГАЛЕРИЈА)Отворена фото изложбата „Слики кои раскажуваат вистински и искрени приказни“

Пела Редакција

ИН МЕМОРИАМ-Почина прилепскотo новинарско легендарно перо, Драги Баше

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе