5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Прилеп домаќин на изложба „Македонија во светот на хералдиката “

Во вторник, на 3 септември од 19.30 часот во Ликовниот салон од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе биде отворена изложбата „Македонија во светот на хералдиката“. Изложбата содржи 35 панели поделени во два дела. Првиот дел е за историски грбови поврзани со Македонија од 14 до 18 век, поделен во 3 дела: Грбовите на Македонија од европските и илирските грбовници, на Кралот на Македонија, припишаниот грб на Александар Македонски и принцот Македон од Ематија. Вториот дел е за современи македонски грбови, поделен во 3 дела: грбови наинституции и организации, општински грбови и лични грбови.

 

Грб од 17 век на Македонија
Грб на Македонија од 1614 година

Автори на изложбата се Иван Нацевски, потпретседател и д-р Јован Јоновски, претседател на Македонското грбословно друштво, а ликовното уредување е на Димитриј Михајловски, од истото друштво, кое е единственото стручно тело по хералдика во Македонија. Промотор на изложбата е публицистот Ставре Џиков.

Изложбата е по повод 8 Септември, Денот на независноста на Македонија и 10 Јуни, светскиот ден на хералдиката. Ја реализираат НУ Центар за култура „Марко Цепенков“ и Македонското грбословно друштво, а на поставката ќе бидат претставени над 70 грбови поврзани со Македонија почнувајќи од 14 до 21 век.

Што е хералдика? 

Хералдика или грбословие — наука која се занимава со правилата кои владеат при дизајнирањето, блазонирањето (опишување, читање) на грбовите. Хералдиката е севкупност на грбови како симболичен идентитет на поединци и групи и земји. Хералдиката е уметноста на исцртување на грбовите.

Кога се појавува хералдиката? 

Инаку, историски, на 10 Јуни 1128 година, во Руен (сегашна Франција) англискиот крал Хенри I го прогласи својот иден зет, Годфри Плантагенет за витез. Во таа прилика му е доделен грб, на син штит, шест златни лавови 3-2-1, кој се смета за прв запис за доделување на грб во историјата. Затоа овој датум се прославува како светски ден на хералдиката.

Би можело да ве интересира

Вечер на унгарски песни и танци на платото пред Цепенков

Пела Редакција

Хасаниќ: македонските музички таленти се добредојдени на „Студентско лето“ во Маглај

Гордана Цветаноска

ВЕЧЕРВА, ЧЕСТВУВАЊЕ ПО ПОВОД 100 ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА БОРКА ТАЛЕСКИ

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе