Од утринава на терен во Мариово се вклучени околу 200 професионалци за локализирање на пожарот. Состојбата е алармантна бидејќи огнената линија е над 20 км во реонот на селата Бонче, Крушејца, Пештани, Дуње и Кален. Пристигна и хелихоптерот, но заради густиот чад не може да делува, посочува Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи.
Пожарот се одвива во атарот на селата Бонче, Крушејца, Пештани, Дуње и Кален. Рано наутро на местото на пожарот пристигнаа 25 полициски тигри, 70 припадници на македонската армија, 40 вработени во Национални шуми, како и повеќе од 60 пожарникари. При тоа пожарникари имаме од Прилеп, од Битола, Охрид, Ресен, Новаци, Могила, Кавадарци, Кочани, Радовиш, Штип, Свети Николе и Струмица. Концентрираме поголем број на луѓе повеќе од 195 професионални пожарникари, припадници на Армијата, припадници на Полицијата, вработени во Национални шуми се овде во реонот на овие села. За жал, поради намалената видливост и густиот чад употребата на хелихоптер не е возможна. Хелихоптерот слета во близина на овие села и чека подобрување на условите за да започне со дејство. Воедно и ертракторот ДЗС кој што треба да полета во 10 часот доколку не се подобрени условите нема да може да дејствува. За жал, не само овој пожар на територијата на државата во текот на вчерашниот ден имавме поголем број на пожари и тоа вкупно 27 пожари.
Гори и во општина Долнени, во близина на селото Долнени каде се опфатени сува трева и мешана шума. Ангелов апелирише на внимателост бидејќи како што рече сезоната на пожари сеуште не завршена.
Кризниот штаб во Прилеп поради сериозноста на состојбата заседава од синоќа.
Ова е состојбата од ноќеска: