15.4 C
Прилеп
сабота, 14 септември, 2024
Пела Радио

Забрана за еднодневни школски екскурзии поради опожарување на шумите

Поради опожарување на шумите, како превентивна мерка, од денеска забранета е посета на излетничките места во прилепско и забранети се сите еднодневни школкси екскуризи на учениците. Денеска својата еднодневна екскурзија не ја обавија учениците  од СОУ „Ѓорч Петров„  . Од пожарот кај Селце вчера беа спасени близу 700 основци од ООУ „Климент Охридски“ кои беа на еднодневна школска екскурзија во излетничкот место Селеце , кое е меѓу најпосетуваните во Прилеп поради убавата природа и не многу одалечено од градот .

Општинскиот кризен штаб ја најави и можноста за воведување на забрана за движење низ шума и планина, за сите граѓани, се со цел превентивно да делува во спречувањето на подметнување пожари . Полицијата работи на утврдување на сторителите, но не открива дали има приведено лица – пиромани.

 „Проценката на стручњаците е дека ова се подметнати пожари. Јас се надевам дека од овој момент сите институции кои се надлежни за контрола на дрвокрадците и за оние кои ги подметнуваат пожарите, ќе бидат поактивни. Ги повикувм граѓаните да бидат посовесни и да го чуваат шумскиот фонд.„. –  изјави градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски

Во овие околу 10 -на пожари што овие 5/6 дена беснаа во прилепско  и долненско изгореа над 500 хектари ниско стеблеста шума, грмушки , бор и сува трева .

Би можело да ве интересира

Јованоски: Молитвите за Велигденските празници испратете ги од дома

Гордана Цветаноска

Прилеп: 935 активни случаи со Ковид

Гордана Цветаноска

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем! (35)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе