11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО)Законот за нефер трговски практики пред прилепските стопанственици

Управниот одбор на Регионалната стопанска комора Прилеп во проширен состав со присуство на министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и заменик–министерот за економија и труд Марјан Ристески, денеска одржа седница, на која  се расправаше за актуелните состојби во стопанството на локално, регионално и на национално ниво. Во фокусот пред прилепските стопанственици беше информацијата за новиот закон за нефер трговски практики, кој што беше презентиран министерот за економија и труд , м-р Бесар  Дурмиши и заменик министерот за економија и труд  Марјан Ристески.

Целта ни е да го презентираме Законот за нефер трговски практики за земјоделски производи, закон кој што е донесен на 30 ти март, меѓутоа неговата имплементација треба да започне од 28 ми септември. Овој закон ги уредува односите помеѓу добавувачите и производителите со трговците, односно претежно трговијата на мало и во овој закон се дефинирани сите односи во однос на рабатот и другите ставки кои што влегуваат во пресметувањето на таа вкупна ставка која не би била поголема од вкупно 10 отсто при склучувањето на нивните договори. Овој закон мислам дека ќе биде од голема важност и е прв закон во Југоисточна Европа, со кој што ќе бидат регулирани овие односи. Крајниот ефект на имплементацијата на овој закон ќе се одрази и на цената на производите, односно најголем бенефит ќе имаат крајните потрошувачи. Се регулира висината на рабатот и она што значи маркетинг во малопродажба и другите ставки кои не треба да го надминуваат процентот од 10%. Има можност во одредени месеци кога има поголема побарувачка или акција на одредени производи процентот да биде над 10%, меѓутоа вкупниот просек во текот на годината не треба да го надминува овој процент. Процентите досега беа многу големи 30 – 40 % по одредени производи, а сето тоа се одразуваше на крајната цена на производите, рече заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески.

Во листата од земјоделско прехранбени производи опфатени со законот влегуваат 2540 продукти. Законот е донесен во консултација со работодавачите, со стопанските комори и здруженија кои се занимаваат со производство на храна, а е работен според европска директива донесена во ЕУ во 2019 та година.

Тамошните производители и земјоделци соочувајќи се со сериозниот проблем од страна на трговците дека им се наплаќаат преголеми надоместоци кои што де факто влијаат на набавната цена морале да направат нешто за да се стави ред. Благодарение на таа директива ние одлучивме како министерсто со поддршка на Владата да ја трансформираме во национално законодавство, особено поддржувајќи ги организациите на земјоделци, на производители, синдикалните здруженија и асоцијации да можат послободно да ги пласираат своите производи, рече Билјана Додевска, државен секретар во Министерството за економија и труд.

Листата на производи ги опфаќа сите освен тутунските и сродни производи и алкохолот кои не се третираат за храна и подлежат на акциза. Во третата фаза ќе треба трговците и производителите да склучат нови договори за снабдување со трговците на мало.

Со оглед на фактот што поголемиот дел од нашите членки како Регионална стопанска комора се производители во целост го поддржуваме и се надеваме на успешна имплементација. Важно е како ќе се врши спроведувањето и надзорот, посочи Никола Мариноски, претседател на комората со седиште во Прилеп.

Членовите на Управниот одбор на Регионалната стопанска комора беа запознати и со информациите во врска со возвратна посета на претставници на Стопанската комора на Тире, Република Турција, како и со предлогот за организирање на бизнис форум 2026 та година.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на пандемијата од коронавирус починалe 405 прилепчани

Елизабета Филипоска

Ќе се врши дезинсекција во Прилеп и населените места

Пела Редакција

Полицијата приведе прилепчанец, пукал со пиштол за Коледе

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе