9.1 C
Прилеп
понеделник, 21 април, 2025
Пела Радио

Прилепскиот театар со „Хамлет“ ќе гостува во Загреб

Театарот „Војдан Чернодрински“ со претставата „Хамлет“ од Шекспир, во режија на Бранко Брезовец гостува во Загреб. На 10 септември 2024 во театарот Гавела ќе изведе две претстави.  Гостувањето е во рамките на манифестацијата Еуријал 2024, која се одржува во два дела. Во есенскиот дел, отворањето на Еуријал 2024 е со претставата на нашиот театар, која отвора радикално, ново читање на Шекспировото ремек дело.

„Хамлет“ е работена според трагедијата на Вилијам Шекспир, со користење на драмите „Во малиот дворец на Станислав Игнациј Виткиевич и „Чест“ на Васил Иљоски. Режисер е Бранко Брезовец, за костимите е задолжена Сузана Брезовец.  Во претставата играат Зоран Иваноски, Димитар Ѓорѓиевски, Андон Јованоски, Даниела Иваноска, Марија Спиркоска Илијеска, Игор Трпчески, Илија Волчески, Александар Тодески, Михајло Миленкоски, Виолета Чакарова, Наташа Ачански  и Ана Митоска.

Публиката ќе има можност во ова читање на Хамлет, да го проследи  нагласениот конфликтот во и меѓу ликовите, стремежот за моќ и желбата за одмазда. И овој Хамлет е заплеткан во измами, манипулации и лудило. Меѓутоа, мотивите од Чест од В. Иљоски и Во малиот дворец од С. Виткиевич внесуваат уште позасилена атмосфера на сновидение и сосема неочекуван развој на комплексни односи и настани – се вели во образложението на претставата.

Театарот „Војдан Чернодрински неколку пати досега има гостувано во Загреб ( со претставите „Антица “ и „Глембаеви, уште една легенда“) во рамките на фестивалот „Еуроказ“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Проданоски: Јас сум непоправлив оптимист, годината пред нас ќе биде поуспешна

Исак ги воодушеви прилепчани – MK Рисови со фантастична организација на традиционалниот мотофестивал (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Завршија градежните работи на ИКТ центарот во Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе