-1.4 C
Прилеп
недела, 23 февруари, 2025
Пела Радио

Ристески: За фер пазарни цени и заштита на стадардот на граѓаните Закон за забрана на нефер трговски практики

Законот за забрана на нефер трговски практии, кој треба да биде имплементира од 28 овој месец, потребно е да ги спречи нефер трговски практики кои се одвиваат помеѓу  производителите, добавувачите и трговците поради големите проценти на рабат, кои достигнуваат и до 40 oтсто и влијаат на крајната цена на производот, која ја плаќа краниот потрошувач. Законот треба да стави крај на високите маржи кои ги оптоваруваат потрошувачите, вели заемник министерот за економија Марјан Ристески.

Досега се утврдени 26 случаи на нефер трговски практики во договори меѓу производителите, добавувачите и трговците поради големите проценти на раба. Од она што досега е увидено во тие нефер трговски практики, практично биле оптоварувани договорите на самите добавувачи и производители, така што некаде и процентот кој што се однесувал на рабатот бил над 35-40 посто, а понатаму добавувачите и производителите сето тоа го вкалкулираат во крајната цена на производот, односно тоа влијае на џебот на  потрошувачи, односно граѓаните“, објаснува  заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Со примената на Законот на над 2.500 видови на земјоделски и прехранбени производи, рабатот ќе им биде ограничен на најмногу 10 проценти, во односот помеѓу добавувачите и производителите, а Комисијата за заштита на конкуренцијата ќе го координира неговото имплементирање на терен . Во пресрет на Законот, се подготвуваат и новите договори меѓу производителите, добавувачите и трговците, кои се по препорака на Европа.

„Новите договори треба да бидат готови до 28 септември и потоа, во октомври и во ноември очекуваме да имаме резултат кај цените на производите, бидејќи, нас како Влада и како министерство за економија, секогаш таргет и приоритет ни се граѓаните. Листата на земјоделски, прехранбени производи е составена од околу 2540 производи. Овој закон е донесен во консултација со работодавците, со стопанските комори, со Здружението за земјоделски и прехранбени производи и, секако, во консултација со другите релевантни министерства, изјави Ристески.

Законот е според европска директива и е прв што ќе се применува во земјите од југоисточна Европа.

 

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Празници се ближат! Како да направите најдобра забава или свадбена веселба?!

Пела Редакција

Стоби флипс и Брилијант на Витаминка се најпознати брендови на македонскиот пазар

Гордана Цветаноска

Над 1 700 барања за земјоделски субвенции поднесени во прилепско

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе