Дождот кој заврна попладнево помогна да се стави под контрола големиот пожар во Мариово, но сепак сѐ уште не е целосно изгаснат. Гори на неколку места со слаб интензитет. Временските прилики им помогнаа на лицата кои веќе една недела на терен учествуваа во борбата со огнената стихија, која беше со периметар од над 100-тина километри и зафати површина од околу 15.000 хектари. Под контрола се и останатите два пожара во прилепско, информираат од ЦУК.
Вечерва повторно заседаваше општинскиот Кризен штаб, кои разгледувајќи ја денешната состојба, се договараа и за координација за утрешниот ден сеуште е активен пожарот кај Дрен – Смолани.
Со максимална ангажираност од сите вклучени екипи и со голема помош на дождот, најголем дел од критичните жаришта во општина Прилеп, се ставени под целосна контрола. Попладнево остваривме и вонредна средба во мојот кабинет со директорот на ДЗС Џеват Селами. Вечерва повторно на координација на Општинскиот кризен штаб за заштита и спасување ја констатиравме денешната акција и факт е дека интензитетот беше намален, а на критичните места со огромната помош од сите институции и натчовечки напори на сите екипи кои што деноноќно се на терен успеавме да ги стабилизираме пламените јазици и да ја одстраниме опасноста да се доближи пожарот до населените места, куќите и верските објекти! Во овој момент имаме само уште еден активен и сериозен пожар кај Дрен Смолани, на кој што ќе се делува со расположливите сили во текот на ноќта и во утрешниот ден. Остануваме подготвени со сите потребни ресурси!,пиршува на ФБ профилот на