3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Дождот го изгасна огнот во Мариово – еколошката штета е од непроценливи размери

Сите 22 пожари на отворен простор се изгаснати од дождот, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Така, се изгаснати и пожарите во мариовкиот крај и во  Долнени.

Пожарот во Мариово ,според стручните лица спаѓа во категоријата катастрофални пожари.Со поѓарот беа опфати од 150 000 до 200 000 хектари, главно ниска вегетација и трева ,а огнена линија достигна 200 километри. Директните, посебно индиректните штети, еколошките,од пожарот во Мариово се  проценуваат на огромни .

Не направи големи штети со шумите, изгорената трева ќе порасне. Со денови големиот број професионалци и од здруженија бранеа 10 до 15 села и објекти. Немаме зафатени црковни објекти, селата се спасени, но голема е еколошката штета, не само загадувањето туку тешко ќе оди обновата на земјиштето, изјави  Јован Аврамоски, инспектор за заштита и спасување при ДЗС.

Инаку во осумте дена додека траеше пожарот во мариовско, беа ангажирани повеќе од 1 200 луѓе, од кои 500 припадници на АРМ, 120 од ЕБР, 80 од ДЗС, од ЈП Национални шѓуми, ловочувари, планинари, од здруженија, пожарникари од повеќе градови на Македонија.

Би можело да ве интересира

Субвенции за ПВЦ дограма – Еуро Глас гарантираат врвен квалитет

Гордана Цветаноска

П О В И К за СТОПИРАЊЕ на уништувањето на прилепскиот локалитет „Каракамен“

Гордана Цветаноска

МОН објави нов повик за финансиска поддршка на ученици, пријавените во декември не треба да конкурираат

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе