3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Младите во Прилеп ќе учат вештини за полесно да се вработат (ВИДЕО)

Зајакнување на младите од ранливите категории за да им се олесни пристапот до пазарот на трудот е целта на проектот „3ајакнување на младите преку нови можности 2“ , кој што ќе се реализира и во Прилеп.  На младите лица од 16 до 35 години ќе им бидат достапни бесплатни обуки за животни вештини и вработливост, кариерно советување од лиценцирани кариерни советници, психо-социјална поддршка, финансиска поддршка за посетување на курсеви, посредување за идентификување на можности за практиканство и вработување. Крајната цел е зајакнување на младите и олеснување на пристапот до пазарот на трудот, вели Иван Штерјоски, менаџер на проектот. Во првата фаза од проектот од 340 млади лица, повеќе од 200 биле вработени.

Проектот ќе се реализира до 2026 та година во Скопје, Тетово, Кавадарци, Штип, Струмица и во Прилеп каде активностите ќе се спроведуваат со Коалиција СЕГА. Во општина Прилеп ќе бидат вклучени вештините за младите од социјален ризик за развивање на т.н меки вештини.

„Најпрво треба да ги слушнеме потребите на младите, можеби се тоа вештини за кои е потребно многу малку, за тие млади во социјален ризик да најдат работа, тоа би биле некои меки вештини, обуки итн. Можеби нам ни изгледа едноставно, но за тие млади е и тоа како потребно и важно да се направи. Можеби со мал стимул, мало насочување кон она што тие би можеле да го прават, да бидат работна сила и да се вклопат во процесот на творење и креирање во општината,“ вели Гоце Бумбароски од Советот на млади при Општина Прилеп.

Денеска се одржа воведен состанок со локалните власти и останатите засегнати страни за доближување на проектот на тема: Кон подобрени локални политики за социо-економска интеграција на младите во социјален ризик . Проектот „3ајакнување на младите преку нови можности 2“, го реализира Коалиција на младински организации, во партнерство со СОС ДЕТСКО СЕЛО, а со финансиска поддршка од Министерството за економска соработка и развој на Сојузна Република Германија и Фондацијата Херман Гмајнер .

Би можело да ве интересира

Петиција за итно обезбедување квалитетни инсулински пумпи и сензори !

Пела Редакција

Од ноќеска поскапуваат бензините и дизелот

Елизабета Филипоска

Дождот и снегот на Плетвар принудуваат на внимателно возење

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе