5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Аудио драма „Маѓепсан круг“ за СТОП на присилните детски бракови

Радио драмата „Маѓепсан круг“ создадена од Радио Пела, е дел од иницијативата за подигање на свеста „Промени го мислењето – останете надвор од маѓепсаниот круг“ поддржана од ЕУ и Советот на Европа. Целта  е да се овозможи попристапен начин за заедницата да препознае, открие и алармира за појавата на присилни детски бракови.

Во четири различни приказни, креирани од вистински искази, таа говори за борбата против невидливите синџири што ги држат жртвите на присилни бракови и трговија со луѓе за подигнување на јавната свест кај локалните заедници за борба против трговијата со луѓе и присилните детски бракови.

Радио драмата  „Маѓепсан круг“ е во траење од 45 мин и 42 секунди и е составена од 4 различни приказни, со пораки на крајот од секоја од нив. Актерската екипа од аматерскиот училиштен театар  „Слободно театарче“  при  СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп, беше активно вклучена во реализацијата. Автор и сценарист на радио драмата е Филип Стојаноски, а режија и сценографија на  Билјана Тинтоска.

 

Скенирај код и слушај!

Трговијата со луѓе претставува регрутирање, транспорт, трансфер, засолниште или примање луѓе со сила  или измама, со цел нивно искористување за добивање на профит. На ова злосторство, кое се случува во секој регион во светот жртви можат да бидат мажи, жени и деца од сите возрасти без разлика на потекло. За жал, трговијата со луѓе продолжува да постои во 21 век, а присилните детски бракови се една од најчестите видови трговија со луѓе, обвиткана во маѓепсаниот круг на традицијата и сиромаштијата. Според Светската здравствена организација секој ден, околу 39.000 млади девојки ширум светот се мажат пред да наполнат полнолетство. Повеќе од една третина од нив се помлади од 15 години. Трговијата со луѓе за присилни бракови сè уште е присутна и во Република Северна Македонија.

Оваа иницијатива е дел од проектот „Зајакнување на акцијата против трговија со луѓе во Северна Македонија“, и е дел од заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција. Ставовите изразени во оваа активност на никаков начин не може да се сметаат дека го одразуваат официјалното мислење на Европската Унија или на Советот на Европа.

         

Би можело да ве интересира

ОТВОРЕНА ДЕБАТА ВО СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Гордана Цветаноска

Заедно за превенција против родово базирано насилство

Гордана Цветаноска

(ВИДЕО) најдиме.орг.мк – поддршка за пријава и потрага по исчезнати лица

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе