5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Се зацврсти ударната сила на Победа

Капитенот и голман – Дарко Тофилоски и најдобриот стрелец пролетва Зоран Даноски и остануваат верни на Победа по дефинирањето на условите со клупското раководство. Даноски потпиша двегодишен договор, а Тофилоски се обврза на 1-годишна верност кон клубот.
Покрај тоа за наредните две сезони боите на прилепскиот прволигаш ќе ги бранат досегашните засилувања: Ристе Марковски, Христијан Драгарски, Антонио Каланоски и Саше Шопоски, како и сега веќе староседелецот Никола Јаќимовиќ, додека на 3-години е договорен Александар Исаевски.
Деновиве се очекува исходот од преговорите со уште двајца домашни фудбалери, но и со двајца интернационалци, од кои еден шпиц од Бразил. Со екипата тренира и на проба е младиот 20-годишен крилен и централен напаѓач Богдан Мандиќ, кој настапувал за неколку белградски клубови, а потекнува од школата на ОФК Београд. 
Како што најави раководството на клубот, по обезбедениот опстанок, ќе се води долгорочна стратегија со обезбедување европски буџет, така што се очекуваат пеколни подготовки со нови засилувања. Инаку, одморот заврши за фудбалерите, во тек се редовните тренинзи во Прилеп под раководство на стратегот Тони Мегленски, а Победа првиот тест меч ќе го одигра во среда на 4-ти јули со Беласица во Струмица. Базичните подготовки ќе се реализираат во Банско на 12-ти јули.

Би можело да ве интересира

На младите металурзи им припадна трофејот од меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“

Гордана Цветаноска

ПРИЛЕПЧАНИ ДАДОА 3 ГОЛА, А 6 ПАТИ СЕ РАДУВАА

РК Борец – РК Прилеп 37:30 (20:11)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе