0.8 C
Прилеп
вторник, 24 декември, 2024
Пела Радио

(фото) Синоќа во преполнетата сала средношколците го креваат гласот против трговијата со деца за принудени бракови преку театарска претстава „Маѓепсан круг“

Во преполнетата сала на домот на културата „Марко Цепенков„ со преставата „Маѓепсан круг„  во изведба на „Слободно театарче„ од дрмската секција при СОУ Ѓорче Петров„ – Прилеп  средношколците го креваат гласот против трговијата со деца за принудени бракови.

Претставата сочинува четири одвоени приказни за деца тргувани за принудни бракови и ја идентификува сиромаштијата како основна причина на ова грозоморно злосторство и има за цел  подигање на свеста кај локалната заедница за опасностите од трговија со деца за присилни бракови.( Во неа играат : Исидора Попоска 3-1кл, Марија Котева 3-1кл, Исидора Николоска 3-1кл. Марко Костадиноски 3-2кл., Марија Јовеска 2-2кл., Матеа Стојчевска 3-2кл., Марија Стеваноска 3-3кл.,Даниел Главчев 3-1кл.,Михаил Тркалески 3-2кл.,Тамара Димитриеска 3-8кл., Михаил Јорданоски 4-1кл.,Наталија Шеќеровска 3-2кл.,Вања Младеновски, Техничка поддршка, Вилијам Спиркоски 3-8кл., Сара Павлоска 3-8кл., Марко Ванчев 3-8кл., Ментор на секцијата и режисер на претставата: Билјана Тинтоска, Филип Стојаноски – автор на текстот)

Радио Пела спроведува грант, доделен од акцијата „Зајакнување на акцијата против трговија со луѓе во Северна Македонија“ на Европската Унија и Советот на Европа, што придонесува кон напорите на Владата за борба против трговијата со луѓе и помага во заштитата на основните права на жртвите на трговија со деца.

Настанот се одржа по повод одбележување на Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе, а на него присуствуваа и преставници од Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје.

„Активностите и резултатите од акцијата за борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија на Европската Унија„ и Советот на Европа и помагаат на Владата да се усогласи со препораките утврдени во мониторинг извештаите за спроведувањето на Конвенцијата за дејствување против трговија со луѓе од Северна Македонија, подготвена од Групата експерти за акција против трговија со луѓе (ГРЕТА). Во својот трет мониторинг извештај за Северна Македонија од 2023 година, ГРЕТА забележува дека повеќето деца идентификувани како потенцијални жртви на трговија со луѓе … биле деца од ромската заедница подложена на принудно питачење, принуден брак или сексуална експлоатација“-  при своето обрјаќање рече Олег СОЛДАТОВ, шеф на програмската канцеларија на Канцеларијата на Советот на Европа во Скопје.

„Во нашето опкружување верувам дека ваквите појави постојат, но ние никогаш не сме помислиле дека тоа е форма на трговија со луѓе, односно деца. Токму, четири различни приказни во театарската претстава, надополнета со документирани искази, имаат за цел да ја подигнат јавната свеста во локалните заедници, за детектирање, алармирање и спречување на појавата на принудни малолетнички детски бракови, како посебна форма на трговија со луѓе.“, посочи  Елизабета ФИЛИПОСКА, од грантистот Радио Пела.

Театарската претстава „Маѓепсаниот круг“ во организизација на Радио Пела е дел од поголема иницијатива за подигање на јавната свест за принудните детски бракови. А, театарската претстава ќе се одигра уште најмалку  неколку општини : во Битола, Крушево, Општина Кривогаштани и Општина Долнени.

Иницијативата опфаќа и радио претстава за присилни бракови, што е емитувано од една национална, една непрофитна младинка радио станица и пет локални (комерцијални)  радио станици. Постери и други материјали за видливост се исто така произведени и дистрибуирани како дел на оваа иницијатива за подигање на јавната свест. Имплементацијата на иницијативата започна во септември 2024 година и ќе продолжи до февруари следната година.

Акцијата „Зајакнување на акцијата против трговија со луѓе во Северна Македонија“ е дел од Европската Иницијатива за соработка на Унијата/Советот на Европа „Хоризонтален објект III за Западен Балкан и Турција“.

Би можело да ве интересира

ООУ „Добре Јованоски“ Прилеп се закити со 5 награди за само една недела

(Фото) Јубилеј за почит – 60 години од ООУ „Кире Гаврилоски – Јане” – Прилеп

Елизабета Филипоска

В сабота пред саатот – промоција на активностите на клубот на млади при ОО на Црвениот Крст Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе