-2.2 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

За пожртвованоста со пожарите со 900 000 денари ќе бидат наградени прилепските пожарникари

Со 900 000 денари ќе бидат наградени прилепските пожарникари за несебичната пожртвуваност и вложувањето во борбата со големата огнена стихија, пожарот во Мариово кој беснееше околу две недели во првата половина на септември годинава.

Со 900 000 денари ќе бидат наградени прилепските пожарникари за несебичната пожртвуваност и вложувањето во борбата со големата огнена стихија, пожарот во Мариово кој беснееше околу две недели во првата половина на септември годинава. -На последната седница советниците ја изгласаа одлуката за обезбедување 900 000 денари од општинскиот буџет како награда за пожарникарите за нивните труд и пожртвуваност кога Прилеп се соочи со големиот пожар во Мариово, најголемата огнена стихија во историјата на градот и која опфати најголема територија од сите пожари во државава, изјави Ирена Стерјоска Локвенец, претседателка на општинскиот совет на Прилеп.

Пожарот во Мариово беснееше во периодот од 1 до 10 септември. Во гаснењето беа вклучени пожарникарите од приелпската противпожарна еденица, нивни колеги од другите градови, припадници на МВР и на АРМ и на Дирекцијата за спасување.

Противпожарната единица во Прилеп, надлежана за Регионот и за општина Долнени, брои 44 пожарникар,и од кои 34 се вработени на неопределено, а 10 се на определено работно време. Според бројот на жители, во единицата треба да има 65 пожарникари и во наредниот период да се обнови целата опрема за ефикасно дејствување.

Би можело да ве интересира

Јованоски: 2022 год ќе се гради гасификационата мрежа во Прилеп

Елизабета Филипоска

Во тек санација на локалната патна инфраструктура во прилепско

Гордана Цветаноска

Амбасадорот на Сојузна Република Германија во посета на Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе