-1.9 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

45 години Центар за култура „Марко Цепенков“

Годинава во ноември, Националната установа центар за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп, со богата програма го одбележува своето четириесет и пет годишно постоење.

Одбележувањето започна на дваесет и петти октомври  со отворањето на самостојната изложба на Александра Димитрова, продолжи со концерт на ансамблот „Стевче Стојковски“, стенд ап шоуто на Марјан Ѓорѓиевски и комичната претстава на театарската група Солза и смеа  која се случи синоќа.

Во рамки на програмата која ќе трае во текот на цел ноември, ќе следи и изложба на членовите од Друштвото на ликовните уметници од Прилеп, проекција на првиот македонски долгометражен филм „Јон Вардар против галаксијата“, вечер на аргентинска музика, концерти на камерниот хор Керамија, Октетот Прилеп,  промоција на албумот „Од колено на колено“ на Александар Јовевски, изложба на ликовната колонија „Дрен“….

Ова е само дел од предвидената програма по повод јубилејот, а предвидено е истата да се збогатува, како што информираат од центарот.

Да потсетиме, својата дејност како Дом на културата, денес Центар за култура, ја започнува на 14 ноември 1979 г. со отворање на изложба од прилепски автори и со специјално подготвената театарска претстава „Факел“ од Коце Солунски. Во почетокот Домот на културата ги потикнувал аматерските самодејности: фолклор, сликарски школи, литературни, драмски и фото клубови.

45 години да се создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија, е значајно. Годинава кога одбележуваме 45 години, а цел месец имаме бројни активности, необично е тешко и речиси невозможно да се систематизираат, па дури и само да се набројат сите културни настани кои што се создале, се промовирале, се зародиле, се одиграле во НУЦК „Марко Цепенков“ Прилеп-велат од Центарот.

Во 90-те години на минатиот век  во рамките на Домот на културата влегуваат Културно просветната заедница (КПЗ) на град Прилеп, списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ и Центарот за современа ликовна уметност, и домот „Марко Цепенков“ прераснува во Центар за култура „Марко Цепенков“- Прилеп со професионална значајна издавачка, ликовно – галериска и сценско музичка дејност. Во 2004 г. го добива статусот: Национална установа центар за култура “Марко Цепенков“ и во нејзини рамки влегува театарот „Војдан Чернодрински“.

Центарот за култура „Марко Цепенков“ во 2009 година е одликуван со најпрестижната награда на Општина Прилеп, „3 Ноември“, а годинава пак, кога Центарот одбележува значаен јубилеј, ликовната колинија „Дрен“ која се разлира во рамки на дејноста на Центарот, носител е на ова најзначајно градско признание.

Се што е сработено во Центарот низ годините е видливо. Останува аманетот за овие сегашни генерации да придонесат да се подигне на уште повисоко ниво рејтингот на институцијата, да се изнајдат начини за поддршка од државата за реконструкција на објектот, но и за изградба на нов театар. А, понудата на квалитетни настани секако ќе ни биде во прв план, бидејќи опстојуваме и работиме за публиката и за граѓаните на Прилеп-соопштуваат од Центарот. 

Подготвил: Филип Димкоски

Би можело да ве интересира

Позитивни резултати од формирање на Првиот Центарот за рехабилитација на жртвите од тортура

Елизабета Филипоска

Канализција дури во 21 век е настан за одбележување

Елизабета Филипоска

Се контролираат влезовите во Прилеп како превенција од коронавирусот

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе