1.1 C
Прилеп
вторник, 24 декември, 2024
Пела Радио

Трипуновски: висината на тутунските откупни цени се дефинирани

Тутунскиот откуп може да започне најрано од 18 ти ноември, в понеделник, доколку компаниите се подготвени за старт, ова го посочи ресорниот министер Цветан Трипуновски, при денешната посета на Тутунски Комбинат Прилеп. Годинава се склучени договори за откуп на 26 илјади тони тутун, од 16 800 земјоделски стопанства во Македонија:

– Согласно проекциите од теренот и комуникацијата од земјоделските здруженија оваа година се очекува реколтата да биде за над 10% потешка од минатогодишната, односно од 16 до 17 илјади тони. Очекуваме дека ќе има одличен квалитет оваа година сите 10 компани, односно пријавени 298 откупни пункта ширум Македонија, односно 305 пријавени ваги. Законскиот рок е 15 ти ноември, а бидејќи е во петок и поделбата на лиценците, најраниот рок за почеток е 18 ти ноември, а најдоцна согласно Законот за тутун е 15 ти декември.  

На новинарско прашање во однос на барањата за зголемување на откупната цена  министерот посочи дека присуствувал на состанокот на потсекторската група за тутун во рамките на министерството. Дали ќе има промена во висината на цената и субвенциите?

– Се разговараше за почетокот на откупот на тутун, за квалитетот и квантитетот кој што може да се очекува оваа година, за делот од законските измени кои што ќе важат веќе за наредната година, тоа е  во фаза на преговарање. Во делот на цените кои што се по класи, тие знаете дека се дефинирани со самото склучување на договорите, првата класа е 375 ден, втората е 300, третата е 240 денари, и дополнителната 115 денари.

Она што јас можам да го ветам како министер е дека заедно со Земјоделскиот инспекторат како надлежна институција во делот на контролата и следливоста на откупот на тутун ќе бидеме максимално фокусирани, затоа што навистина на земјоделците треба вистински да им се вреднува трудот и тоа нормално да биде исплатено. Како новина, знаете дека оваа година во делот на дополнителната поддршка се воведува и исплата на по единица површина, односно дополнителни 6 илјади денари за единица хектар кои што ќе ги добие секој тутунар кој што го пријавил своето производство од реколта на 2024 г. Висината на субвенциите останува иста: за прва  класа 80 денари, втора 70 и трета 60 денари за кгр тутун.

На новинарско прашање за почетокот на тутунскиот откуп, Александар Алексоски генералниот директор на Тутунски Комбинат Прилеп посочи дека компанијата е целосно подготвена за откупот:

– Имаме подготвени 26 откупни центри, што непречено можат да го започнат откупот уште утре. Законскиот рок за почнување на откупот е од 15 ти ноември до 15 ти декември, што значи дека сите откупни центри заклучно со 15 ти декември ќе бидат отворени.

Би можело да ве интересира

Со Златен Даб наздравуваме за машкото здравје!

Пела Редакција

Трибина за унапредување на пристапот до заштита од дискриминацијат

Пожарот долненско се шири кон Небрегово и Присад

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе