11.9 C
Прилеп
сабота, 19 април, 2025
Пела Радио

РК Прилеп декласиран од Еурофарм Пелистер со 46:24 (23:16)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер без проблеми славеа победа над Прилеп со 46:24. Вечерва во Битола, пред околу 1.000 гледачи, во салата “Боро Чурлевски“ ракометарите на Еурофарм Пелистер го отворија 11. коло од Супер лигата и лесно дојде до победа над екипата на Прилеп. Ракометарите на Прилеп едноставно беа немоќни пред налетото на пелистерци.

Од самиот почеток битолскиот состав ја наметна својата игра и веќе на паузата водеше со 23:16. За пелистерци ова беше 9-ти сезонски триумф во домашниот шампионат, а за прилепчани само еден тест на силите пред натпреварот со Пролет  на следниот меч во гости, во Скопје.

На овој натпревар , Филип Кузмановски, со шест гола, беше најдобриот стрелец во екипата на  Еурофарм Пелистер, додека за Прилеп, по шест голови постигнаа Илиески и Цветаноски.

Би можело да ве интересира

ПРИЛЕП ПРОТИВ ТИМОТ ОД СВЕТСКИОТ ШАХОВСКИ ШАМПИОН КАРЛСЕН

Елизабета Филипоска

ФК Победа – со нови сили во нови победи!

Гордана Цветаноска

Велосипедска трка Сава Мариово тур

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе