2.3 C
Прилеп
сабота, 21 декември, 2024
Пела Радио

Пијан славеј доаѓа во Прилеп-Вечер на поезија и шлагери во „Марко Цепенков“

Фронтменот на култната музичка група „Фолтин“, Бранислав Николов заедно со добро познатиот прилепски актер Игор Трпчески, в среда од 19.00 часот во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“ ќе го изведат поетско-шлагерскиот перформанс „Пелагониска плетенка“ и на тој начин ќе биде претставен проектот „Пијан славеј“.

Овој проект претставува музичко-поетски формат во чие срце е идејата да се креира една нова македонска шансона која инстиктивно го осовременува стариот вкус на музичката поезија од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век.

Бранислав Николов е музички перформер, автор и пејач во групата Фолтин. Како дел од групата, зад себе има десетина студиски изданија, музика за преку триесет театарски претстави и неколку филмови, меѓу кои, кандидатот за оскар „Медена земја” и други интернационално наградувани филмови.  Со концертни настапи и театарски претстави гостувал во Хрватска, Италија, Австрија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Франција, Германија, Унгарија, Израел, Русија, Црна Гора, Англија, Либан, Холандија, Белгија, Турција и Чешка. За својата работа досега е повеќепати наградуван. Во  2018 година одржал концерт со Македонската филхармонија. Кон крајот на 2021 го оформува  го оформува составот „Пијан Славеј“,  а настапува и самостојно како кантавтор. Објавил четири поетски збирки.

Игор Трпчески е актер на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“. Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на проф. Владимир Милчин во 1997 година, а во 2005 година специјализира режија во Националната Академија за Театарска и Филмска уметност НАТФИЗ во Софија, Бугарија во класата на проф. Крикор Азарјан. Како актер има учествувано во преку 40 театарски претстави на матичната сцена и во неколку продукции како гостин во различни театри во Македонија.  На сцената на театарот „Војдан Чернодрински“ има поставено неколку успешни театарски претстави.  Добитник е на бројни награди меѓу кои се Гранд при на „Лица без маски“ и Гранд при на ДАФ Кочани за „Приказна за војникот од Шерл Ф. Рами“, награда за најдобра претстава и најдобра машка улога на интернационалниот фестивал АЛБА МОНО во Корча Албанија за претставата Delirium tremens и други.  Од 2003 го регистрира Здружението на граѓани  Театарска Работилница и работи на повеќе детски, младински и аматерски претстави и проекти.

 

 

Би можело да ве интересира

Подај рака,биди човек -дарувај храна

Елизабета Филипоска

Тутунарите потсетуваат – сеуште чекаме “фамозниот 5 ти анти – ковид пакет” да помине во Собранието

Гордана Цветаноска

Плетварските алпинки и фризерскиот предизвик

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе