7.7 C
Прилеп
сабота, 29 март, 2025
Пела Радио

„КЛИМЕНТОВЦИ“ знаат – вреди да се штеди

Учениците од IV-3 одделение од ООУ „Климент Охридски“ од Прилеп, водени од мудрите и хумани мисли на нивниот патрон Св. Климент Охридски, во месецот на штедењето се вклучија во хуманитарниот предизвик „Штедиме и правиме добри дела“ што го органзираше НЛБ Банка.

Заедно со нивната наставничка Гордана Стојаноска, штедливите ученичиња ситните парички секојдневно ги оставале во училишната каса за да соберат што повеќе, но не со желба да си купат играчки или чоколада, туку да помогнат некому.

Поттикнати од предизвикот на НЛБ Банка, учениците собраните средства ги донираа во вид на храна за кучињата кои се сместени во прифатилиштето за кучиња во ЈКП Комуналец-Прилеп.

Штедливоста и хуманоста на учениците не остана незабележана и ненаградена. Претставникот на НЛБ Банка, Драган Лазоски беше во посета на ООУ „Климент Охридски“ и им ја врачи наградата- микроскоп кој ќе го користат за поубаво изучување на природните науки.

Дечињата уште пред да почни првиот час знаејќи дека тој ден ќе ни ја носат наградата прашуваа кога ќе дојдат да ни ја донесат наградата Пресреќни и дури со нови ветувања до вработените од НЛБ дека и следната година повторно ќе штедат и дека ќе прават добри дела-ни раскажа наставничката Гордана Стојаноска. 

„Некои особини се учат кога сме мали, а се надоградуваат во текот на цел живот,  Да се штеди е убаво но да се прават добри дела е  уште поубаво. Ве предизвикуваме да пробат“-велат учениците од IV-3.

 

Би можело да ве интересира

(Видео) Три дена беснее шумскиот пожар во крушевско

Елизабета Филипоска

Гори околината на с Дабница. Апела до граѓаните за помош !

Елизабета Филипоска

Пандемијата со Ковид-19 беснее, а тензиите на пациентите растат

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе