9.5 C
Прилеп
вторник, 25 февруари, 2025
Пела Радио

„Ѕуница“ по повод Светскиот ден на детето ѕунеше од радост и песна

Во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со попреченост 3ти Декември и денешниот Светски ден на детето во Дневниот центар „Ѕуница“ во Прилеп се одржа пригодно одбележување. На радост на децата кои го посетуваат овој дневен центар се одржа мала музичка приредба со учениците од СОУ „Орде Чопела“ и бендот Библиотека, со несебична поддршка на Здружението за развој и едукација, на која присуствуваа професори, ученици и Зоран Малкоски В.Д. директор  на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Прилеп.

Беше весело и разиграно, онака како што може да биде кога е во прашање музиката, но и подароците кои пристигнуваат секојдневно од хумани сограѓани, општествено одговорни компании и здруженија.

Инаку, Дневниот центар „Ѕуница“ континуирано со збогатува со нови содржини. Неодамна беше уреден паркот кој што сега наликува на примамливо катче за дружење. Додека пак внатрешноста на објектот доби весел лик, беше преуреден со цртежи инспирирани од природата со поддршка од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Прилеп, СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ , Интеракт клуб, проф.по ликовна уметност Гордица Димитриевска Груеска и ученици од трета година уметничка насока.

Би можело да ве интересира

Нова книга-Како до еколошка заштита на растенијата?

Пела Редакција

Абрашоски: Принудени сме на корекција на цените на услугите!

Гордана Цветаноска

РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА – Карески: Фокусирани сме на аранжманите кон земјите од соседството (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе